Почина легендарниот македонски бас гитарист Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар, еден од клучните членови на култната македонска њу вејв/рок група „Бастион“, која остави длабока трага во домашната музичка историја.
Својата музичка кариера ја започнал во групата „Уста на уста“, а подоцна станал член на „Бастион“, заедно со Кирил Џајковски и Ана Костовска.
Нивниот единствен албум, едноставно насловен „Бастион“, е снимен во Скопје во 1983 година, а објавен во 1984 од издавачката куќа „ПГП РТБ“. Со осум композиции, албумот и денес се смета за еден од највлијателните материјали на домашната сцена, со препознатлив звук кој, според многумина, бил многу пред своето време.
Песни како „Холивуд“, „Мистер Комплекс“, „Деца на Сонцето“, „Лице во огледало“, „Месечина во шолја“ и „Молитва“ се дел од културното наследство и потсетник на една авангардна музичка епоха.
Албумот „Бастион“ беше реиздаден на винил во 2018 година од „АЦЦ рекордс“, кога беше објавено и ново видео за песната „Деца на Сонцето“.
По распадот на „Бастион“, Стојсављевиќ остана активен на сцената, работејќи на повеќе музички проекти. Во 2020 година го сними албумот „СД4“ со џез музичарите Владан Дробицки, Панче Бујуклиев и Гоце Наумов, за етикетата „ПМГЏез“. Беше дел и од концертниот албум на групата „Парамециум“ на Гарабет Тавитјан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
