Шокантна последица од геополитиката врз личниот живот. Француски судија од Меѓународниот кривичен суд тврди кој ја издаде потерницата за израелскиот премиер тврди дека практично е отсечен од модерниот финансиски систем поради санкции од САД.
Станува збор за Николас Гују, кој беше дел од панелот што издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во 2024 година, одлука што очигледно носи последици и надвор од судницата.
Картички блокирани, апликации недостапни, секојдневието се распаѓа
Гују откри дека повеќе не може да користи кредитни картички. Не може да нарачува преку Amazon, ниту да резервира преку Airbnb или Booking.
– Се вративме 30 години назад. Тоа е како временска машина што нè враќа во преддигиталниот свет – вели Гују.
Ова, според него, е директен резултат на санкциите што ги ограничуваат пристапите до платежни системи, кои во голема мера се под влијание на САД.
Францускиот претседател Емануел Макрон се обидел да интервенира. Испратил седум писма за укинување на санкциите.
Сепак, одговор од САД нема. Француските власти признаваат дека проблемот сè уште не е решен и дека дипломатските канали не даваат резултат.
Гују предупредува дека последиците не се само лични.
– Ако обвинителите се плашат да гонат, адвокатите да бранат, судиите да судат, тогаш нема демократија. Според него, ваквите мерки создаваат систем во кој одлуките се носат од страв, а не од закон.
Меѓународниот кривичен суд на 21 ноември 2024 издаде налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант.
Се товарат за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа. Конфликтот од 2023 година донесе десетици илјади жртви и масовно уништување.
И покрај прекинот на огнот во 2025, насилството во Газа не запре.
Дополнително, насилствата на Блискиот Исток продолжуваат со војната меѓу Израел и Иран. Израел жестоко го напаѓа Јужен Либан тврдејќи дека цели на милитантната група Хезболах.
Tagged as:
Судија од Хаг се жали дека живее во преддигиталната ера
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
