Американскиот претседател ги одложи најавените напади врз енергетските постројки на Иран и отвори простор за нови разговори. Доналд Трамп соопшти дека воената операција ќе се одложи за 5 дена. Одлуката доаѓа по, како што наведе, „добри и продуктивни разговори“ со Техеран.
По одлукатата глобалниот репер падна за повеќе од 14 отсто на 96 долари за барел нафта, пишува Блумберг. Се спуштија цените за идните преддоговени испораки на нафтата Брент, како и цените на европскиот природен гас ЛНГ и на суровата нафта ВТИ, „West Texas Intermediate“.
Разговорите со Иран ќе продолжат во текот на целата недела, посочи Трамп во објава на неговата социјална мрежи.
„Му наложив на Министерството за војна да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура за петдневен период, како резултат на успехот на тековните состаноци и дискусии“, напиша тој.
Само неколку дена претходно, Трамп постави 48-часовен ултиматум кој треба да истече вечерва. Бараше Иран да го отвори Ормускиот теснец за бродови.
Во спротивно, најави бомбардирање на иранските електрани и енергетска инфраструктура, што би значело директен удар врз срцето на иранската економија и потенцијален почеток на поширок регионален конфликт.
Рокот создаде глобална нервоза. Пазарите реагираа, а регионот влезе во состојба на висока готовност.
Иран одговори со најава за можно минирање на Персискиот Залив. Се закани со напади врз израелски цели и објекти што ги снабдуваат американските бази, јасно сигнализирајќи дека евентуалниот удар нема да остане без последици.
Паралелно, безбедносните тела најавија и можност за минирање на Персискиот Залив, сценарио што би ја парализирало глобалната трговија со енергенси и би имало последици далеку над регионот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
