Background

Дневно 200.000 евра од намалениот ДДВ остануваат кај граѓаните кои точат гориво

Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој додаде дека состојбата се следи многу внимателно, има уште неколку мерки, претстојат предизвици, но граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни.

Мицкоски напомена дека во Македонија моментно има убедливо најниска цена на дизел и безоловното гориво споредено со која било земја од регионот, а потрошувачката е зголемена за околу 150 000 литри на ден.

Според премиерот, многу граѓани од соседните држави полнат гориво на нашите бензински пумпи. Притоа, притисокот е најголем на западната (Охрид, Струга, Дебар), јужната (Битола, Гевгелија) и северната (Куманово) граница.

- Advertisement -
Ad image

Мицкоски потенцира и дека Владата во однос на горивата одлучила да презема поробусна интервенција која, како што објасни, ќе спречи драматично поскапување кое би удрило по стандардот на граѓаните.

– Имаме уште неколку мерки, но внимателно ја следиме ситуацијата. Граѓаните и бизнисот да бидат спокојни. Имаме предизвици, но електро-енергетската состојба е исклучително стабилна и снабдувањето со нафта и нафтени деривати е исклучително стабилно. Во овој момент, ги задоволуваме домашните потреби. Како земја имаме најниски давачки кон Владата кога станува збор за бензините и  дизел горивото. Правевме анализа, имајќи ги предвид цените на берзите и дојдовме до заклучок дека ако интервенираме во акцизите тогаш намалувањето на цената за бензините ќе беше еден денар за литар, а за дизелот два денара. Затоа се одлучивме за поробусна интервенција со која се намалуваат цените за околу 6,5 – 7 денари за литар. Сакавме поробусна интервенција за веднаш да почувствуваат граѓаните, да нема драматично зголемување кое би удрило по стандардот – рече Мицкоски.

Тој потсети дека на вчерaшаната седница Владата донесе одлука да прогласи кризна состојба од 30 дена и ја намали стапката на ДДВ за горивата од 18 на 10%.

-Ние сме една од ретките влади во Европа кои директно од Буџетот го поддржуваат стандардот на граѓаните и така ќе продолжиме. Тоа за нас е најголем интерес и приоритет и тоа е целта на една народна влада како оваа – рече Мицкоски.

Досега, информира тој, не е реализиран разговор со раководството на ОКТА.

-За тоа е задолжена министерката за енергетика. До овој момент немам информација дека е реализиран тој разговор. Очекувам денеска тоа да се рeализира и очекувам разбирање од ОКТА. Сега се моментите да си помогнеме едни на други – рече Мицкоски.

Во врска со коментарите на опозицијата дека Владата не прави доволно во однос на кризата, Мицкоски истакна дека единственото нешто по кое ќе бидат запамтени СДСМ е фактот дека како држава најлошо се справивме со КОВИД-пандемијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation