Поранешниот француски премиер Лионел Жоспен почина денеска на 88-годишна возраст, објавија француските медиуми.
Медиумите потсетуваат дека социјалистот Жоспен беше премиер од 1997 до 2002 година, а дека се пензионираше од политичкиот живот на 21 април 2002 година.
Жоспен ја предводеше владата на „Плуралистичката левица“ (коалиција на социјалисти, комунисти и зелени) додека претседател беше конзервативецот Жак Ширак.
Неговата влада воведе неколку историски социјални промени, меѓу кои: 35-часовна работна недела, создавање на Пактот за граѓанска солидарност (PACS), со кој за првпат беа признаени граѓанските партнерства, вклучително и за истополови двојки и воведе универзално здравствено осигурување.
Жоспен, роден во Медон на 17 јули 1937 година, двапати беше кандидат на социјалистите на претседателските избори. Еден од најшокантните моменти во неговата кариера беше неговата елиминација уште во првиот круг на претседателските избори во 2002 година, кога заврши на третото место зад Жак Ширак и екстремно десничарскиот кандидат Жан-Мари Ле Пен.
Веднаш по овој пораз, Жоспен се повлече од активната политика. Подоцна, во 2015 година, беше назначен за член на Уставниот совет на Франција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
