Background

ГРАЃАНИТЕ ВКУПНО НЕДЕЛНО ЌЕ ЗАШТЕДАТ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ГОРИВО

Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  покажува дека се грижи за граѓаните бидејќи со нив се спречува зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија.

Како што денеска соопшти партијата на власт, една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, со што директно се влијае на стабилизирање на цените.

Пресметките се дека со оваа мерка се очекува цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари. И покрај зголемувањето Македонија има убедливо најниски цени во регионот на горивата.

- Advertisement -
Ad image

– Овие мерки носат конкретни заштеди за граѓаните, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден, или некаде околу милион и пол илјади евра седмично, земајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво. Со оглед на тоа дека просечната потрошувачка е некаде околу милион и шестотини илјади литри од коишто милион и двесте литри се дизел гориво, отприлика 75% а останатите четиристотини илјади литри се бензин 95 и 98 октански. Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните – појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека и електроенергетскиот систем во државата функционира стабилно со активни производствени капацитети.

-Во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80.000 тони јаглен во Битола и дополнителни 160.000 тони во Кичево. Акумулациите во хидросистемот се на околу 40% исполнетост, што, би било доволно за производство на електрична енергија за околу еден месец и во услови ако останатите извори запрат – велат оттаму.

Од партијата додаваат дека за енергетските капацитети сега предизвик е цената на мазутот и затоа  се размислува веќе на следната седница на владата  да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија.

-Со овие мерки се прекинува синџирот на поскапување. Превентивно се делува за да се спречат економските притисоци и се штитат цените на храната, транспортот и услугите. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation