Јужен Израел повторно се најде во фокусот на светот. Балистичка ракета удри во близина на Димона, градот во кој се наоѓа клучниот нуклеарен објект на Израел. Повредени се најмалку 20 лица. Нападот доаѓа откако утринава Израел и САД го гаѓаа Натанц, најголемата нуклеарна постројка на Иран што предизвиика реакции низ светот.
Локација што ја гаѓаше Иран во Димона со децении е обвиена со тајност. Изградена е во 1960-тите со француска помош. Се смета дека таму се произведува плутониум, клучен елемент за прозиводство на нуклеарно оружје.
Спасувачките служби веднаш реагирале. Се трага по преживеаните. Медицински тимови лекувале дете и жена со повреди од шрапнели. Други лица добиле помош на самото место. На социјалните мрежи се појавија снимки од нападот и од работата на спасувачите.
Експертите проценуваат дека Израел има меѓу 80 и 400 боеви глави. Дел од анализите наведуваат најмалку 90. Израел не потврдува, но и не негира дека поседува нуклеарно оружје.
Израел исто така не го потпишал Договорот за неширење на нуклеарно оружје, со што останува надвор од клучниот меѓународен механизам за контрола. Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија немаат пристап до Димона, па објектот со децении функционира без директен меѓународен надзор.
Програмата започнала веднаш по основањето на државата, при што безбедноста била главен мотив што ја водел стратегијата. До 1967 година веќе постоел капацитет за нуклеарни експлозиви, а подоцна сомнежите постепено се претвориле во уверување кај големите сили.
Ракетниот удар врз Димона не претставува само изолиран инцидент, туку отвора поширока дебата за нуклеарната рамнотежа во регионот.
Иран и Израел денес објавија за меѓусебни воени напади, што дополнително ги ескалира тензиите на Блискиот Исток. Командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда тврди дека биле нападнати бази во Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, додека израелската војска соопшти дека нападнала повеќе од 200 цели во Иран.
Командантот на морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Алиреза Тангсири, објави на социјалните мрежи дека иранските сили нападнале бази во ОАЕ и Кувајт за кои рече дека ги користат САД и Израел.
Системот за воздушна одбрана „Патриот“ пресретна ирански дрон над станбена област во Бахреин на 9 март, потврди владата на Бахреин во саботата. Американската војска го окарактеризира инцидентот како директен напад од Иран со беспилотни летала.
Tagged as:
Ракети завршија во Димона тајната израелска постројка
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
