Background

Иран отвори ново поглавје во воената стратегија употребувајќи интерконтинентални ракети со значителен дострел

Иран отвори ново поглавје во воената стратегија употребувајќи интерконтинентални ракети со значителен дострел. Земјата лансираше ракети кон американско-британско база во срцето на Индискиот Океан оддалечена 4.000 километри.

Се работи за базата „Диего Гарсија“ на мал остров во архипелагот Чагос. Според „Волстрит џурнал“, биле испукани две балистички ракети, но ниту една од ракетите не ја погодила базата.

Едната ракета откажала во текот на летот, додека другата била соборена од американски воен брод, според извори од американската администрација.

- Advertisement -
Ad image

Американските институции засега не даваат официјални реакции на случувањето. Пентагон не одговорил на медиумските прашања, додека Белата куќа и британската амбасада во Вашингтон засега се без коментар.

Островот во архипелагот Чагос е формално британска територија. „Диего Гарсија“ претставува клучна точка за американската воена инфраструктура, со присуство на нуклеарни подморници, стратешки бомбардери и разорувачи.

Локацијата овозможува контрола врз огромен дел од Индискиот Океан и поширокиот регион.

Базата е дел од поширок геополитички договор меѓу Обединетото Кралство и САД, насочен кон операции поврзани со Иран. Во 2025 година, Лондон потпиша договор со Маврициус, со кој Индија го враќа суверенитетот над архипелагот, но задржува закуп за базата за следните 99 години.

Историјата на островите останува контроверзна и чувствителна. Во доцните 60-ти и раните 70-ти години, околу две илјади жители биле присилно протерани за да се изгради воената инфраструктура.

Иранските напади врз воените бази што ги користат САД на Блискиот Исток предизвикаа штета од околу 800 милиони долари (600 милиони фунти) во првите две недели од војната, покажува нова анализа. Голем дел од штетата е предизвикана во првичните одмазднички напади од страна на Иран во неделата откако САД и Израел ја започнаа војната.

Проценката е од извештај на Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) и анализа на Би-Би-Си. Целосниот обем на штетата не е познат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation