Background

За да земе 100.000 евра држел производи на граница со образложение дека се забранети за увоз

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев заврши во притвор од 30 дена и против него ќе се води истрага за кривичното дело Примање поткуп.

Тој вчера беше уапсен додека ја земал првата рата од митото, во износ од 50.000 евра.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека Анакиев му ја држел стоката на увозник на граница и не дозволувал влез, со образложение дека за тие производи има забрана за влез, па побарал мито од 100.000 евра за да помине увозот.

- Advertisement -
Ad image

„Како резултат на кратка предистражна постапка и успешно реализирана акција што вчеравечер под координација на јавен обвинител од ОЈО ГОКК ја спроведе Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, денеска е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице. Врз основа на досега обезбедените докази и поднесената кривична пријава на лицето му се става на товар дека сторило кривично дело Примање поткуп. Осомничениот, во период од 5 март до вчера, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морало да го изврши, вршејќи притисок врз службени лица да не се одобри увоз на стока на правно лице, иако истата многупати претходно била увезувана. Како оправдание на шпедитерот му било истакнато дека стоката што требало да се увезе не е во согласност со законските прописи“, соопшти ОЈО ГОКК.

Како резултат на притисоците стоката повеќе денови стоела на граничен премин, па откако оштетениот побарал образложение за забраната, осомничениот започнал дејствие на барање на поткуп, се додава во соопштението.

„На 13.3.2026 година бил одобрен влез за стоката на друг граничен премин, а осомничениот на средба со шпедитерот и оштетениот увозник директно побарал поткуп за одобрениот увоз и за идните увози, при што побарал првата рата од 50.000 евра да му биде дадена до вчера, а останатите две рати во следните денови. Откако оштетениот ги предал парите на шпедитерот кој требало да биде посредник при исплата на ратите, шпедитерот вчеравечер се сретнал со осомничениот и извршиле примопредавање на паричните средства, по што осомничениот е лишен од слобода од страна на полициски службеници“, соопшти Обвинителството.

Сознанијата со кои располага Обвинителството и досега обезбедените докази, се додава, укажуваат на околности дека е оправдан предлогот што јавниот обвинител го достави до Основниот кривичен суд Скопје за определување на мерка притвор за осомничениот.

Судот на осомниениот му одреди притвор во траење од 30 дена, по сите три основи – опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation