Background

Жестока закана од Иран до американските и до израелските функционери

Високиот воен портпарол на Иран, генералот Аболфазл Шекарчи, се закани дека ќе ги нападне непријателите на земјата –  високите функционери и лидери на САД и на Израел, вклучително и пилотите и војниците, на локации низ целиот свет. Според него,  Техеран може да нападне паркови и туристички дестинации „каде било во светот“.

– Отсега, врз основа на информациите што ги имаме за нив, дури и парковите, рекреативните зони и туристичките дестинации насекаде во светот повеќе нема да бидат безбедни за нив – рече генерал Аболфазл Шекарчи, според иранската државна телевизија.

Шекарчи додаде дека иранските функционери „се како обични луѓе и живеат со и меѓу луѓето и не се како израелските и американските функционери, кои не можат да ја издржат отпорноста на херојскиот ирански народ и храброста на вооружените сили на Исламската Република“.

- Advertisement -
Ad image

– Затоа, тие се кријат под земја и во бункери, користејќи ги луѓето како штитови за да се заштитат – рече портпаролот на иранските вооружани сили.

Тој понатаму рече дека таргетирањето на иранските воени лидери „не е знак на сила на непријателот, туку знак на очајот, беспомошноста и злобата на непријателите“.

Портпаролот додаде дека иранските сили активно ги следат непријателските функционери, пилоти и војници и посочи дека „наскоро, иранските сили ќе продолжат со своите напади и ќе ги доведат сите пред казна“.

Овие изјави на генералот Шекарчи ја обнови загриженоса на аналитичарите дека Иран повторно би можел да користи напади од милитантни групи надвор од Блискиот Исток, како тактика на притисок во војната.

На почетокот на војната разузнавачката единица на Министерството за внатрешна безбедност на САД предупреди дека Иран би можел да ја таргетира американската територија, иако голем физички напад е малку веројатен.

Марк Хенрихман, претседател на контролниот панел на германската парламентарна тајна служба, претходно предупреди за терористички напади надвор од Блискиот Исток.

– Не можат да се исклучат одмазднички мерки, вклучително и оние што ги спроведуваат иранските „скриени“ ќелии во Европа – изјави тој за „Зидојче цајтунг“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation