Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи денеска ги повика државните разузнавачки служби да се пресметаат со непријателите дома и во странство, кога беше објавено дека портпаролот на Иранската револуционерна гарда загинал во напад.
Објавата на сметката на Хамнеи на социјалната платформа Икс дојде по смртта на министерот за разузнавање Есмаил Хатиб, кој беше убиен во напад оваа недела.
„Преостанатите службеници и вработени во ова чувствително министерство мора да ја пополнат празнината што ја остави смртта на министерот“, се истакнува во објавата на Икс.
Во писмена порака по повод персиската Нова година, Новруз, Хамнеи изјави дека непријателите на Иран се „поразени“ во војната против САД и Израел.
„Во овој момент, поради единството што е создадено меѓу вас, нашите сонародници – и покрај сите разлики – непријателот е поразен“, порача Хамнеи.
Тој додаде дека Иранците му задале „катастрофален удар на непријателот“.
„Покажавме единство и решителност и му зададовме на непријателот таков удар што сега тој зборува контрадикторни работи и глупости“, порача тој.
Хамнеи, исто така, тврди дека Иран и неговите сојузници „во никој случај“ не се одговорни за нападите врз Оман и врз Турција за време на војната, и обвини дека тоа е „измама од страна на ционистичкиот непријател“.
Моџтаба Хамнеи не се појави во јавноста ниту објави аудио или видеоснимки откако беше именуван за нов врховен лидер на Иран на 8 март, што доведе до шпекулации за неговото здравје.
Тој го наследи својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад врз Техеран на првиот ден од американско-израелската воена кампања на 28 февруари. Моџтаба Хамнеи, исто така, ги загуби сопругата и мајката.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
