Background

Мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието.

Со измените, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава.

Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО – ДПМНЕ посочи дека тоа е четврто изменување на законот, а пензионерите да добија зголемување од 7.000 денари во неполни две години.

- Advertisement -
Ad image

– Со овие законски измени се предвидува четвртото покачување на сите пензии од 1.000 денари за сите пензионери кои го оствариле правото на пензија до 28 февруари 2026 година, од 1 март да добијат дополнoтелни 1.000 денари. Со овие законски измени Владата на Република Македонија ја оствари својата стратешка цел да го подобри стандардот на сите пензионери и овој бенефит од 7.000 денари вкупно покачување на пензиите досега ќе го почуствувааt над 320.000 пензионери – рече Петкова.

Новото законско решение, според пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи од движењето БЕСА, има за цел подобрување на стандардот за пензионерите.

– Со овие законски измени како што ветивме и ги реализиравме тие ветувања. Сега сме во последната фаза на реализирање на зголемување на пензиите за 7.000 денари. Претходните фази резултираа со зголемување двапати од по 2.500 денари, сега имаме второ линеарно зголемување за 1.000 денари за сите категории на пензионери. Факт кој има големо значење кај пензионерите и ќе има придобивки за намалување на сиромаштијата – рече Салиу – Фетаи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation