Топ Вести - Слушај сега
Угостителските објекти во земјава ќе мора да направат јасна физичка поделба меѓу пушачите и непушачите, а во некои случаи и посебен влез, предвидува новиот закон за заштита од пушење кој наскоро ќе се најде пред Владата.
Министерот за здравство Азир Алиу најави дека предлог-законот ќе биде разгледан на владина седница на 24 март, по што ќе продолжи во собраниска процедура.
Тој вели дека по бројни реакции од угостителите и тутунската индустрија, направени се дополнителни анализи и разговори, по што решенијата се прилагодени.
– Сите отворени прашања се затворени. Очекувам законот брзо да помине и нашата земја да биде препознаена и на европско ниво – изјави министерот Алиу на денешната прес-конференција.
Една од клучните новини е што терасите ќе можат да функционираат како дел за пушење и со две отворени страни, наместо претходно предложените три. Според министерот, ова решение е донесено врз основа на научни анализи, кои покажале дека воздухот во такви услови доволно се прочистува.
– Со две отворени страни воздухот циркулира и се одржува квалитетот. Во спротивно, голем дел од угостителските објекти, особено во Скопје, не би можеле да ги исполнат условите – појасни Алиу.
Сепак, најголемата обврска за сопствениците на локали ќе биде да обезбедат одвоен влез за делот каде што не се пуши, со цел да се заштитат граѓаните кои не консумираат цигари.
– Целта е секој непушач да може да влезе во објект без да биде изложен на чад, а пушачите да имаат јасно определен простор – додаде министерот.
Властите очекуваат со новите мерки во наредните години значително да се намали бројот на пушачи во земјава.
Tagged as:
Владата ќе го разгледува на 24 март Новиот закон носи строги правила за пушење
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
