Топ Вести - Слушај сега
СДСМ како политички субјект нема апсолутно никаков кредибилитет да предлага политики во областа на надворешната политика и би било подоблесно да се извини за сите грешки во минатото и да даде целосна поддршка на Владата.
Вака вели шефот на македонската дипломатија во телевизиско гостување на Алсат. Муцуниски истакнува дека СДСМ направила сериозни национални отстапки на европскиот пат без никаков резултат.
– Осум години по тие отстапки, односно веќе се приближуваме кон десет години, државата сѐ уште нема започнато преговори со Европската Унија. Оттаму, резултатот од нивната политика најдобро се гледа преку она што го направиле и она што го постигнале – заклучи тој.
Министерот истакна дека државата континуирано ја следи дискусијата во рамки на европските институции и различните дебати што се водат.
– Ние секако ја следиме дискусијата, како и различните дебати што постојат, но во овој момент наш неостварен стратешки, надворешнополитички приоритет на државата е отворањето на преговорите за членство и што побрзо полноправно членство во Европската Унија – нагласи тој.
Тој додаде дека, од аспект на начинот на кој се носат одлуките во Европската Унија, за евентуална промена на методологијата или на правилата поврзани со проширувањето е потребен консензус.
– Според тоа што го слушаме, постојат повеќе различни идеи за тоа како одредени земји членки или групи на земји членки, па дури и Европската комисија, ја гледаат иднината на политиката за проширување. Но она што е јасно е дека, барем во овој момент, нема консензус по ниту едно од овие алтернативни решенија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
