Престолонаследникот Лека Втори од албанското кралско семејство се ожени на приватна церемонија со фотографката Блерта Целибаши. Веста ја објави Кралската палата на Албанија, откривајќи дека невестата по венчавката ја добива титулата принцеза на Албанците.
Блерта е фотографка и има сопствено фотографско студио во Тирана.
„Кралската палата на Албанија со задоволство ја објавува венчавката на Неговото Кралско Височество Лека Втори, принц на Албанците, со г-ѓа Блерта Целибаши. Бракот е склучен на приватна церемонија, зачувувајќи го својот интимен и свечен карактер“, се вели во соопштението на Палатата.
Во објавата се наведува дека официјалната свадбена фотографија е направена во замокот Апоњи во Словачка.
Замокот Апоњи бил избран поради историската врска со албанското кралско семејство.
„Оваа историска зграда беше избрана за да се оддаде почит на наследството на Нејзиното Височество кралицата Џералдин“, се додава во соопштението.
Кралицата Џералдин имала унгарско потекло и важна улога во историјата на династијата Зогу.
Кралската палата потврди дека Блерта Целибаши по венчавката ќе го носи презимето Зогу.
„По венчавката, принцезата Блерта ќе го носи семејното презиме Зогу и титулата Принцеза на Албанците“, се вели во соопштението.
Палатата додаде дека кралското семејство ја споделува оваа вест со албанската нација и со пријателите ширум светот.
На објавените фотографии, принцот Лека носи класичен темен костум. Неговата сопруга носи бел костум со здолниште и бела шапка со мрежест превез, модерна верзија на традиционалниот свадбен вел.
Таа го комплетира изгледот со мал букет од кали. На една фотографија двојката се држи за раце пред замокот Апоњи, а на друга разменуваат насмевки.
Иако монархијата во Албанија е укината во 1946 година, принцот Лека е сегашен шеф на куќата Зогу. Ова е негов втор брак.
Претходно беше оженет со актерката и пејачка Елија Жараја од 2016 до 2024 година. Со неа има ќерка, принцезата Џералдин. Двојката ја објави разделбата во јануари 2024 година, а разводот беше финализиран во април.
Принцот Лека ја потврди врската со Блерта Целибаши во септември 2024 година.
Кралската палата ја објави нивната свршувачка во октомври 2025 година, по веридбата во Ксамил на југот на Албанија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
