Топ Вести - Слушај сега
Ракети утринава паднаа во Тел Авив и во повеќе градови на Блискиот Исток. Иран тврди дека извршил одмазднички напади по убиството на високиот функционер Али Лариџани. Техеран утринава ја потврди смртта на претседателот на врховниот совет за национална безбедност.
Западните медиуми пишуваат дека Лариџани бил клучен во носењето одлуки.
Корпусот на Исламската револуционерна гарда соопшти дека во нападите врз Тел Авив користел и балистички ракети „Корамшахр-4“. Иранската државна агенција Тасним објави видео.
Некои медиуми објавија дека Иран искористил касетни бомби. Сепак, „Корамшахр“ не се смета за касента бомба туку за балистичка бомба која може да носи различни типови боеви глави. Таа има може да има „касетен ефект“.
Репортерот на Си-Ен-Ен, Џереми Дајмонд, извести од Тел Авив дека голема ракета со повеќе подракети паднала врз градот. Тој посочи дека Иран располага со ракети „Корамшахр“ кои имаат токму такви способности.
Истовремено, Иран објави дека го нападна американскиот носач на авиони „УСС Линколн“.
„Морнарицата, како одговор на гнасните злосторства на Соединетите Американски Држави, истовремено со церемонијата на збогување со 84-те почесни маченици на разурнувачот Дена и одбележувањето на 20-те исчезнати маченици, изврши ракетни операции и испали моќни проектили, туркајќи го носачот на авиони ‘Абрахам Линколн’ подалеку од борбената зона“, соопштија иранските власти.
Техеран тврди дека нападот е дел од поширока одмаздничка операција по убиството на Али Лариџани.
Неколку земји од Персискиот Залив пријавија пресретнати ракети и беспилотни летала. Кувајт и Катар ја активираа воздушната одбрана.
Сирени се огласија во Бахреин, а Саудиска Арабија соопшти дека соборила беспилотно летало насочено кон дипломатски кварт. Експлозии беа пријавени и во Дубаи и во ирачкиот главен град Багдад.
Според министерот за надворешни работи на Иран Абас Арагчи иранските напади во близина на урбаните области на земјите од Персискиот Залив се резултат на преместувањето на американските сили од воените бази во хотели во градовите.
Иранските напади предизвикаа голема штета на американската воена база во Бахреин, дом на Петтата флота на американската морнарица. Беше погодена и Морнаричката поддршка (НСА), клучен објект за американските операции во регионот. Нападот се случи на 28 февруари, а сега се објавени слики од штетата.
Две силни експлозии го потресоа Дубаи утрово. Предупредувањето за можен ракетен напад пристигна на мобилните телефони во 10.10 часот по локално време.
Десетина секунди подоцна се слушнаа детонации во далечината, додека сирените за воздушна одбрана одекнуваа низ градот. И покрај тревогата, животот во градот не запре.
На социјалните мрежи се појави видео и од наводни „касетни“ напади врз Дубаи. Според написите, целта на нападот била американската воена воздухопловна база Ал Минхад.
„Дубаи собори 96% од ракетите на Иран синоќа. Потоа ги апсеше луѓето што го снимија остатокот од 4% ракети кои паднаа“, се тврди во реакцијата на Икс за видеото.
Од почетокот на војната, Обединетите Арапски Емирати се соочија со повеќе од 2.000 ракети и беспилотни летала.
Саудиска Арабија вечерва ќе биде домаќин на состанок на министрите за надворешни работи од арапските и исламските земји. Тема на разговорите ќе биде регионалната безбедност.
„Консултативниот министерски состанок се одржува за понатамошна координација и поддршка на безбедноста и стабилноста во регионот“, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.
Во меѓувреме, Израел изврши воздушен напад врз населбата Башура во центарот на Бејрут. Нападот се случи кратко по предупредување за евакуација од израелската армија. Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
