Топ Вести - Слушај сега
САД ќе се соочат со „непоколеблив отпор“ доколку се обидат да ја преземат Куба, вели кубанскиот лидер Мигеј Дијас-Канел.
Неговата изјава доаѓа како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп кој претходно изјави дека „ќе ја има честа да ја преземе Куба“.
„САД речиси секојдневно јавно се закануваат со насилно уривање на уставното уредување на Куба. Тоа е единствениот начин да се објасни жестината на економска војна како колективна казна против целиот народ“, напиша кубанскиот претседател на платформата „Икс“.
Трамп во изминатите недели неколку пати повторуваше дека Куба е на работ на колапс. Под негова управа Вашингтон го засили економскиот притисок врз островската држава.

Целта, според Трамп, е да се прекине приливот на средства од странство и испораките на нафта.
Западните медиуми вчера напишаа дека Вашингтон веќе побарал смена на Дијас-Канел засилувајќи го притисокот врз Хавана.
Притисокот дополнително се засили по операцијата на САД во Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро. Тоа ја лиши Хавана од еден од најважните сојузници.
Венецуела со години обезбедуваше нафта за Куба и покрај децениското економско и трговско ембарго наметнато од САД.
Куба во моментов се соочува со една од најтешките економски кризи од револуцијата предводена од Фидел Кастро во 1959 година.
Tagged as:
Кубанскиот лидер вели дека САД се закана за уставниот поредок на неговата земја
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
