Background

Проектил синоќа ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран

Проектил синоќа ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Агенцијата, тело за контрола и безбедност на нуклеарната енергија на Обединетите нации, преку пост објавен на платформата „Х“ соопшти во информацијата за нападот добиена од иранските власти немало пријава за штети врз самиот објект ниту повредени меѓу персоналот.

Малку подоцна беше објавено дека Иран наводно го таргетирал израелскиот нуклеарен истражувачки центар „Шимон Перес“ во пустинскиот град Димона, како одмазда за претходниот напад во близина на нуклеарната централа Бушер. Ова тврдењето го жизнесоа јавни профили на социјалните мрежи блиски до ИРГЦ (Исламската револуционерна гарда).

- Advertisement -
Ad image

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, повторно повика на „максимална воздржаност за време на конфликтот со цел да се спречи ризик од нуклеарна несреќа“, се наведува во објавата.

„Бушер“ е единствената нуклеарна централа во Иран, изградена по руски дизајн, сместена околу 760 километри јужно од Техеран, на брегот на Персискиот Залив. Оперативна е од 2011 година.

Нуклеарниот истражувачки центар „Шимон Перес“, порано познат како Негевски нуклеарен истражувачки центар, е израелска нуклеарна инсталација сместена во пустината Негев, околу тринаесет километри југоисточно од градот Димона.

Неговата изградба започнала во 1958 година, а тешководниот нуклеарен реактор станал активен помеѓу 1962 и 1964 година. Израел тврди дека реакторот и истражувачката установа се користат за општи „истражувања во атомската наука“, но реакторот бил вклучен и во производство на нуклеарни материјали за израелската нуклеарна програма.

Се смета дека Израел ја произвел својата прва нуклеарна бомба во 1967 година, а проценките за бројот на неговите нуклеарни оружја варираат помеѓу 80 и 400. Реакторот не е цивилна електрана и не испорачува струја во израелската мрежа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation