Топ Вести - Слушај сега
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека денес е предвидено да се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток. Претходно беа реализирани и летови од Шарм Ел Шеик и Ријад.
Предвидено е авионот да полета во 16:00 часот по локално време и да слета во 20:10 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. До овој момент се пријавени вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странски државјани.
Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат на располагање на македонските граѓани.
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546
Tagged as:
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека денес е предвидено да се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
