Background

Јапонија денес ќе почне да троши нафта од своите стокови резерви, бидејќи се очекува увозот на сурова нафта значително да се намали од крајот на март поради затворањето на Ормускиот теснец

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Јапонија денес ќе почне да троши нафта од своите стокови резерви, бидејќи се очекува увозот на сурова нафта значително да се намали од крајот на март поради затворањето на Ормускиот теснец, кој е клучен за транспортот на нафта на светскиот пазар, изјави денес главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара.

- Advertisement -
Ad image

– Планираме да вложиме напори (нафтата од стоковите резерви) непречено да циркулира на пазарот – рече Кихара, пренесува агенцијата Кјодо.

Тој додаде дека владата „ќе продолжи да презема чекори за да обезбеди стабилно снабдување со енергија, преку меѓународна координација и без исклучување на какви било опции“.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) вчера соопшти дека планираното координирано ослободување на нафта од стоковите резерви од страна на нејзините 32 земји-членки, вклучувајќи ја и Јапонија, „наскоро ќе започне“.

Минатата недела беше објавено дека земјите ќе пуштат 400 милиони барели нафта на пазарот како одговор на нарушувањата предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток.

Јапонската влада ќе го намали 70-дневниот услов за резерви за рафинериите за нафта и трговските компании според законот за складирање нафта на Јапонија на 55 дена, а минатата недела јапонскиот премиер Санае Такаичи објави дека околу 80 милиони барели нафта ќе бидат достапни од стоковните резерви, што е најголемата количина досега ослободена од стоковните резерви.

Таа количина нафта е еквивалентна на 45 дена домашна потрошувачка и е 1,8 пати поголема од она што беше ослободено од стоковните резерви по разорниот земјотрес и цунами во 2011 година што ја опустошија североисточна Јапонија.

На крајот на 2025 година, Јапонија имаше резерви од приближно 470 милиони барели нафта, што е еквивалентно на 254 дена домашна потрошувачка, од кои 146 дена беа во државна сопственост, 101 ден беа во приватниот сектор, а остатокот го делеа земјите производители на нафта.

Ова е седми пат кога се искористуваат јапонските нафтени резерви, од почетокот на резервниот систем во 1970-тите.

Јапонија увезува повеќе од 90% од својата сурова нафта од Блискиот Исток, што ја прави многу ранлива на затворањето на Ормускиот теснец, што го прекина транспортот на нафта и гас од добавувачите во Персискиот Залив, како и наглиот пораст на цените на суровата нафта од почетокот на војната.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation