Топ Вести - Слушај сега
Пет ракети денеска го погодија реонот околу меѓународниот аеродром во Багдад. Одговорноста за нападот ја презеде проиранската Ирачка бригада на Хезболах, која објави видео снимка од дрон за нападот, јави Ал Џезира.
Една ракета го погодил објектот за воздушна навигација во цивилниот дел на аеродромот, а четири ракети паднале врз Центарот за дипломатска поддршка во Багдад, што го користи Амбасадата на САД во Ирак.
По нападот американската амбасада им препорача на американските државјани во Ирак да ја напуштат земјата.
Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, во Ирак често мета се објекти поврзани со САД, вклучително и аеродромот во Багдад.
Групата Исламски отпор во Иран, изминатите недели речиси секојдневно објавуваше соопштенија во кои презема одговорност за десетици напади, без да наведе точни локации.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
