Топ Вести - Слушај сега
По пролетните сончеви и топли денови веќе од вторник 17 март до петок претпладне 20 март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско Море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер од југоисточен, а во западните предели од североисточен правец.
Поради заладувањето на планините и на скијачките центри ќе има врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка, а повремено снежната граница ќе се спушти и под 1.000 метри надморска височина, тоа значи дека повремени врнежи од снег ќе има и во повисоките населени места па и во дел од градовите особено во западните и во северните предели од Македонија.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повеќе облачност и повремени врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурите позначително ќе се намалат.
Tagged as:
пониски температури и снег на планините Се очекуваат дождови
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
