Background

ССМ НА НОВ ПРОТЕСТ ПОБАРА 600 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Сојузот на синдикатите денеска организираше нов протест со барање за минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување на сите за 100 евра, бидејќи, како што беше речено на протестот, работниците не се за законското зголемување на минималецот од 1.600 денари туку за достојни плати кои ги заработиле.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилот на протестот кој почна од пред работничкиот дом и заврши пред зградата на владата, рече дека 160.000 работници во земјава примаат плата под прагот на сиромаштија, а тоа е добра основа за потребата од зголемување на нивните плати.

Тој рече дека зголемувањето на минималната плата е неопходно во услови кога трошоците за живот постојано растат, а голем број работници едвај ги покриваат основните потреби.

– Сметаме дека во месец март мора да се зголеми минималната плата, затоа што тие не ја даваат, туку затоа што ние како работници ја заработуваме и затоа што им заработуваме многу повеќе од тоа што тие не плаќаат – рече Трендафилов.

ССМ, рече тој, го отфрла законското усогласување од 1.667 денари со конкретен аргументот дека само во последните два месеца вредноста на синдикалната минимална кошница пораснала за 2.000 денари – усогласувањето не го покрива ни растот на трошоците за живот.

Тој рече дека денеска работниците биле спречени да дојдат на протестот поради закани.

– Не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак. Покажавме и дека 21 човек на улица вршат работа да прават нервоза кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денес им покажуваме дека можеме и највеќе затоа што без работници нема држава, а нема ниту власт- изјави  Трeндафилов пред почетокот на протестот.

По протестот, ССМ останува на најавата за 24-часовен генерален штрајк кој овој пат ќе го опфати и приватниот сектор.

Претставници на владата во текот на изминатите месеци редовно изјавуваа дека владата ќе ја прифати висината на минималната плата што ќе ја договорат синдикатите и работодавачите.

Работодавачите кои велат се во лоша состојба, не ја исклучија можноста за повисока минимална плата под услов владата да ги помогне кај придонесите, но тоа не беше поддржано од владата.

Последната седница на Економски-социјалниот совет заврши без одлука за висината на минималната  плата бидејќи претставниците на ССМ ја напуштија седницата со образложение дека немаат мандат од работниците да прифатат пониска минимална од 600 евра.

Од владата велат дека сега останува да се донесе одлука за законско зголемување на минималната плата кое треба да изнесува 1.667 денари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation