Background

ПРЕОДНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Фондот за здравствено осигурување информира дека во координација со Министерството за социјална политика, демографија и млади, е воспоставено преодно решение за евидентирање на правото на ослободување од плаќање партиципација за лицата со попреченост, со цел да се обезбеди непречено остварување на нивните права од здравственото осигурување.

- Advertisement -
Ad image

Согласно воспоставениот систем, податоците за лицата со попреченост кои се ослободени од плаќање партиципација треба електронски да се доставуваат од системот на Министерството за социјална политика, демографија и млади и автоматски да се евидентираат во електронскиот систем на Фондот.

Меѓутоа, поради моменталната техничка неможност овие податоци електронски да се доставуваат од системот на Министерството до системот на Фондот, иако системот на Фондот е целосно подготвен за нивно преземање, во меѓуинституционална координација е воспоставено преодно административно решение, со цел правата на лицата со попреченост да не бидат доведени во прашање.

Лицата со попреченост ќе добиваат решение за ослободување од плаќање партиципација, издадено од Министерството за социјална политика, демографија и млади, односно од надлежните Центри за социјална работа, во кое е наведен основот на ослободувањето.

Решението издадено од надлежните Центри за социјална работа осигурениците го доставуваат до подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување според местото на живеење, односно во една од подрачните служби на Фондот, по што овластените службени лица веднаш го евидентираат податокот во електронскиот систем на Фондот.

Со внесувањето на податокот, ослободувањето од плаќање партиципација автоматски станува видливо во електронскиот систем „Мое осигурување“, до кој имаат пристап сите јавни и приватни здравствени установи и аптеки.

Евиденцијата во системот „Мое осигурување“ претставува официјална основа за постапување на здравствените установи и аптеките, кои имаат целосен увид во системот и се должни да постапуваат согласно електронската евиденција.

Ова преодно решение ќе биде во функција сѐ додека Министерството за социјална политика, демографија и млади не биде во можност податоците за лицата со попреченост да ги доставува по електронски пат до системот на Фондот, со што тие автоматски ќе се евидентираат во системот „Мое осигурување“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation