Background

Неименуван маж од Балканот наводно пристигнал во Германија намамен со ветување за добро платена работа, но тоа се покажало како стапица

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Неименуван маж од Балканот наводно пристигнал во Германија намамен со ветување за добро платена работа, но тоа се покажало како стапица.

- Advertisement -
Ad image

Набрзо бил принуден, според локалните медиуми, да го донира својот бубрег на водач на озлогласен романски клан кој страдал од тешка болест.

Несреќниот човек добивал закани со смрт доколку не се согласи да потпише документи во кои се наведува дека доброволно го донира органот. Наводно, во болница во Минхен тврдел дека е брат на водачот на кланот и дека сака да му го донира бубрегот за да му го спаси животот.

Според романските медиуми, зад случајот стои озлогласен клан од Темишвар, чиј водач е тешко болен. Откако операцијата била извршена во Германија, вистината била откриена, по што германската полиција ги контактирала романските колеги за да започнат истрага.

Водачот на кланот наводно живее во Германија и со години има сериозни проблеми со бубрезите. Во договор со членови на кланот во својата татковина, тој го пронашол „идеалниот донатор“ – човек кој немал поим дека ќе биде принуден да се откаже од својот орган. Според инспекторите, жртвата била намамена во Германија под изговор дека ќе добие добра работа.

По пристигнувањето, му биле одземени документите и бил изложен на закани и притисоци. Во случајот, наводно, била вмешана и сопругата на водачот на кланот.

Според соопштението на властите во Минхен, двајца членови на кланот се обвинети за држење романски државјанин во ропство и за принудување да го донира својот бубрег. Тие наводно се заканиле дека ќе ги убијат неговите родители доколку одбие.

Во јуни 2022 година операцијата била извршена во болница во Германија, а бубрегот бил трансплантиран на лице со иницијали Г.Ц., за кого се сомнева дека е водачот на кланот.

Германските власти сметаат дека осомничените во моментов се во Романија. На барање на Германија, романската полиција ја претресла вилата на Г.Ц. во Темишвар, но тој и неговата сопруга не биле пронајдени.

Нивни роднини и соседи, кои исто така се сомничат дека имаат врски со кланот, тврдат дека тие се невини.

– Тоа е невозможно. Како може некој да му земе бубрег на човек само затоа што му треба? Не познавам луѓе кои би го направиле тоа – изјавил еден локален жител.

Романските власти потоа издале меѓународна потерница.

Состојбата на измамениот маж засега не е објавена.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation