Топ Вести - Слушај сега
Решението за превозниците со системот за влез и излез во шенген зоната се движи во насока на издавање на долгорочни работни визи, коишто треба да значат регулиран престој на сите наши превозници кои влегуваат во Шенген зоната без разлика дали се работи за камионски превоз или автобуски превоз, изјави денеска од Кочани вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
-Швајцарија веќе издава такви визи за македонските превозници, Хрватска најави дека има законска процедура за усвојување на соодветен закон во хрватскиот Сабор, и работиме координирани со Министерството за надворешни работи и со Министерството за внатрешни работи, и во координација со премиерот уште неколку држави да прогласат вакви визи за македонските превозници што ќе значи едно целосно решение на проблемот – рече Николоски.
Тој додаде дека редовно се одржуваат технички состаноци за решавање на проблемот и апелираше од овие разговори да не се прави естрада како што прават во регионот.
– Апелирам да гледаме ние да си го решиме нашиот проблем, а што ќе прават Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина е нивни проблем, и драго ми е што нашите превозници тоа го сфатија и што заеднички работиме на решенија за македонските превозници- рече Николоски.
Тој очекува до септември да биде донесено решение за проблемот иако системот ќе почне да се применува од април. За македонските превозници примената ќе биде одложена до крај на септември.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
