Топ Вести - Слушај сега
Пожар избувна синоќа во прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци. Според информации од ТППЕ од Кочани, огнот се појавил на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. Ова се случило околу 20:30 часот.
– Добивме дојава за пожар во прочистителната станица во Мојанци и веднаш интервениравме со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД . Пожарот од наша страна брзо е локализиран и изгаснат. Беше запален и зафатен дел од прочистувањето на метанот, но сега веќе нема опасност. Фабриката продолжува да работи – изјави доцна синоќа, Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ.r
Предизвикана е само материјална штета, причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Брзата реакција на кочанските пожарникари спречила проширување на огнот во балонот каде што се собира метанот и евентуална негово експлодирање.
Фото: Илустрација
Tagged as:
огнот ставен под контрола Пожар во пречистителната станица во Мојанци
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
