Background

Јавниот превоз, како клучен дел од одржливиот урбан транспорт во Европската Унија секојдневно го користат 10,7% од населението

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Јавниот превоз, како клучен дел од одржливиот урбан транспорт во Европската Унија секојдневно го користат 10,7% од населението. Во Македонија околу 7% од луѓето секој ден користат градски автобус, 2,6% меѓуградски автобус и 0,06% воз (вкупно 9,6%). Податоците покажуваат големи регионални разлики и укажуваат дека додека во некои скопски општини околу 19% од граѓаните најчесто користат градскиот автобус, во градовите од внатрешноста главна замена за автомобилот е организираниот превоз.

- Advertisement -
Ad image

Околу 10,7% од луѓето од 16 години или постари во Европската Унија користат некаков вид јавен превоз секој ден, додека над половина од луѓето – 51% не користат јавен превоз. Во Македонија над третина од граѓаните најчесто користат автомобил, додека околу 10 проценти од луѓето на возраст од 15 години и повеќе најчесто користат јавен превоз, а дополнително над осум отсто користат организиран превоз.

Најмногу луѓе секојдневно користат јавен превоз во Унгарија(19,6%), Швајцарија (19,2%) и Луксембург (19%). Најмалку користат во Кипар (4,5%), Италија (5,1%) и Словенија (6,2%).

Од земјите во регионот во Албанија 16,8% од луѓето секојдневно користат јавен превоз, Бугарија – 15,3%, Србија 14,8% и Грција 6,7%.

Според податоците на Евростат, во 2024 година, 10,7% од луѓето (16 години или постари) во Европската Унија користеле некаков вид јавен превоз секој ден, 11,6% го користеле секоја недела, 10,0% го користеле секој месец, а 17,1% го користеле помалку од еднаш месечно. Од друга страна, 50,6% не користеле јавен превоз.

Меѓу земјите од ЕУ, уделот на луѓе кои не користеле јавен превоз во 2024 година бил највисок во Кипар, со 85% од населението, по што следуваат Италија (68,0%), Португалија (67,8%), Франција (65,1%), Словенија (61,6%) и Грција (61,3%).

На другиот крај од скалата се Луксембург, каде што 15,7% од луѓето не користеле јавен превоз во 2024 година, Естонија (26,6%) и Шведска (26,7%).

Кога станува збор за луѓе што користат јавен превоз секоја недела, Луксембург регистрира најголем удел, со 23,1% од луѓето што го користат, по што следат Латвија (19,2%) и Естонија (18,2%).

Во Македонија, последниот достапен податок е за 2021 година, кога според податоците од Државниот завод за статистика, над 35% од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користеле автомобил, додека јавен превоз користеле околу десет проценти (градски автобус користат 7%, 2,6% меѓуградски автобус и 0,06% воз).

Дополнително, над 8% до работа или училиште рекле дека користат организиран превоз.

Во Скопје до работа со јавен превоз најчесто патуваат од Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Гази Баба, а организираниот превоз го заменува градскиот автобус во Битола, Велес, Кавадарци, Прилеп…

Според податоците за вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе според пол и видот на превозното средство кое најчесто го користи до работа или училиште, објавен со третиот сет податоци од Пописот 2021 година, во Скопје над 42% најчесто до работа или училиште одат со автомобил (38,4 најчесто како возач и 4,1 најчесто како совозач), додека на второ и трето место како најчесто превозно средство се автобус и пеш – по 13%. Само 2% користат организиран превоз, а 1,1% меѓуградски автобус.

Градски автобус најчесто користат во Шуто Оризари – 26%, Ѓорче Петров – 20% и Гази Баба – 19%, а најмалку во Центар – 4% и Карпош – 8%.

Во општина Битола 17% организиран превоз, а јавен превоз користат 7,3% (градски автобус – 4%, меѓуградски автобус – 3,3%)

Во Велес 17% најчесто користат организиран превоз, додека 7 проценти користат јавен превоз – по три проценти градски и меѓуградски автобус и еден процент воз.

Над 19 проценти од граѓаните во Кавадарци и Штип до работа користат организиран превоз, а 6% автобус – по 3% градски и меѓуградски автобус во Кавадарци и 4% градски и 2% меѓуградски во Штип.

Во Прилеп 18% најчесто користат организиран превоз, додека автобус 8% (5% градски и 3% меѓуградски). 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation