Топ Вести - Слушај сега
Експлозии одекнале изутринава во централниот дел на Дубаи, а над дел од градот бил забележан густ црн чад. Според првичните информации од властите во Обединети Арапски Емирати, противвоздушната одбрана пресретнала проектил или дрон, при што остатоци паднале врз објект во делот на финансиската четврт.
Оштетена била фасада на зграда во близина на Дубаи Интернешнл Фајненшл Центар, еден од главните деловни и финансиски центри во градот. Засега нема информации за загинати или повредени, а штетата се опишува како ограничена.
Инцидентот доаѓа во време на засилени тензии на Блискиот Исток, при што повеќе земји во регионот пријавуваат пресретнати ракети и дронови. Властите во Емиратите засега не соопштуваат дополнителни детали за потеклото на нападот.
Претходно западни медуми известија дека заканите на Иран, упатени кон банки и финансиски институции поврзани со САД и Израел на Блискиот Исток, доведоа до евакуација на дел од финансискиот кварт во Дубаи. Дел од компаниите им наложиле на вработените привремено да работат од дома, како мерка на претпазливост.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
