Топ Вести - Слушај сега
Националната и универзитетска библиотека „Светли Климент Охридски“ во Скопје започна акција за заштита и промоција на стари ракописи, ретки и старопечатени книги кои не се нејзина сопственост.
Доколку имате публикација која е ретка, стара, вредна испратете мејл на direktor@nubsk.edu.mk. На мејлот наведете основни податоци: Автор, наслов и година на издавање.
Библиотеката ќе формира специјална комисија која ќе направи проценка и ќе утврди дали станува збор за публикација која е од интерес и дали задоволува критериуми за старопечатена, ретка, како и услови за прогласување на културно наследство.
Доколку предложената публикација задоволува услови таа бесплатно ќе биде заштитена (рестарвација, конзервација, укоричување и се што е потребно) и дигитализирана.
Постои можност публикацијата да биде откупена, доколку се сложувате.
Друга можност е да ја оставите на чување и користење во Библиотеката без да ви биде нарушено правото на сопственост (во секое време ќе може да си ја повлечете) за што ќе добиете официјален договор.
Трета можност е веднаш по дигитализацијата, публикацијата да ви биде вратена.
Дигиталната копија ќе биде објавена на онлајн платформата од Библиотеката и ќе биде јавно достапна за нашите корисници.
За публикациите за кои ќе биде утврдено дека исполнуваат услови за прогласување на културно наследство од страна на експертскиот тим од Библиотеката ќе бидат изработени елаборати кои ќе бидат испратени до Управата за заштита на културното наследство.
Tagged as:
Акција на Националната библиотека на Македонија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
