Топ Вести - Слушај сега
Одлуката на албанскиот парламент да го одбие барањето на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал да ѝ се одземе пратеничкиот имунитет на Белинда Балуку предизвика реакции од Брисел и од неколку западни амбасади.
Европската комисија нагласи дека владеењето на правото и борбата против корупцијата се клучни за напредокот на Албанија на патот кон Европската Унија.
„ЕУ го следеше исходот од денешното гласање во албанскиот парламент. Обезбедувањето поволна средина за СПАК ефикасно да ја извршува својата работа е од суштинско значење за веродостојна поддршка на напредокот на Албанија кон членство во ЕУ“, се наведува во реакцијата на Европската комисија.
Слични пораки испратија и германската, британската и други западни амбасади во Тирана. Тие нагласуваат дека гонењето на корупцијата, дури и кога се работи за високи функционери, е неопходен услов за европската интеграција на земјата.
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на критиките, оценувајќи дека одлуката на парламентот е оправдана.
– Секој парламент во Европа би го сторил тоа – порача Рама.
Тој додаде дека стратегиската цел на владата останува непроменета.
– Нашата цел е јасна, Албанија да стане членка на Европската Унија до 2030 година – нагласи албанскиот премиер.
Албанскиот парламент со гласовите на владејачкото мнозинство го отфрли барањето на Специјалното обвинителство за одземање на имунитетот на пратеничката Белинда Балуку.
Обвинителството ја сомничи за корупција и бараше можност за нејзино апсење.
Балуку претходно беше разрешена од функциите вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
