Топ Вести - Слушај сега
Жестока критика кон српската НБА ѕвезда Никола Јокиќ дојде од поранешниот кошаркар и аналитичар Кендрик Перкинс. Тој го оцени настапот на трикратниот МВП како разочарувачки, особено во завршниците на натпреварите.
Критиките следуваат по новиот пораз на Денвер Нагетс, кој дополнително го усложни нивниот обид да останат блиску до врвот на Западната конференција.
Јокиќ, кој неодамна се врати по повреда, повторно беше главната сила на својот тим. Против Хјустон забележа уште еден трипл-дабл оваа сезона, но тоа не беше доволно да го убеди Перкинс.
Перкинс смета дека проблемот не е само во статистиката, туку во начинот на кој Јокиќ игра во клучните моменти.
– Необично е да се види Никола Јокиќ како игра вака во завршниците на натпреварите. Тој е ужасен во последните месец ипол – рече Перкинс.
Поранешниот НБА шампион додаде дека центарот на Денвер прави премногу грешки во финишите.
– Кога станува збор за финалињата на натпреварите, Никола прави важни шутеви, но зборувам за изгубени топки и неговиот плус-минус настап. Не мислам дека е во најдобра форма. Треба да биде во подобра физичка состојба – изјави Перкинс.
И покрај критиките, статистиката на Јокиќ останува импресивна.
Оваа сезона бележи просек од 28,6 поени, 12,5 скока и 10,4 асистенции по натпревар.
Перкинс се присети и на сезоната кога Јокиќ беше на врвот на формата, пред Денвер да ја освои шампионската титула.
– Се сеќавате како изгледаше тогаш. Тренираше да трча по скали во текот на летото, беше посилен и подефиниран. Играше одлично и во нападот и во одбраната – додаде Перкинс.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
