Топ Вести - Слушај сега
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.
Од нив, 380 се македонски државјани, додека 78 се странски државјани.Вкупно по држави, меѓу евакуираните странски државјани има: 14 од Босна и Херцеговина, 13 од Косово, 13 од Албанија, 8 од Србија, 6 од Црна Гора, 3 од Грција, 2 од САД, како и по 1 државјанин од Украина, Германија, Ерменија и Индонезија, како и 4 лица со холандски ЕУ-пасош.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дипломатско – конзуларните преставништва и дежурниот телефонски број и понатаму останува на располагање на македонските граѓани во кризните региони.
Tagged as:
Македонија досега со 4 летови евакуираше 380 свои граѓани и 78 странци
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
