Background

32 ЗЕМЈИ СЕ ДОГОВОРИЈА, ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА РЕКОРДНА ЗАЛИХА НАФТА

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Пазарот на нафта се соочува со најголема интервенција досега. Земјите членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) договорија рекордно ослободување на стратешките резерви. Овој потег на земјите од ИЕА доаѓа откако 3 комерцијални бродови беа оштетени од „непознати проектили“ во Ормутскиот теснец.

- Advertisement -
Ad image

Вкупно 400 милиони барели нафта ќе бидат пуштени на пазарот. Одлуката е донесена поради сериозните нарушувања во снабдувањето, предизвикани од војната во Персискиот Залив.

– Земјите на ИЕА ќе пуштат 400 милиони барели нафта на пазарот за да го надоместат изгубеното снабдување поради виртуелното затворање на Ормутскиот теснец – рече извршниот директор на агенцијата, Фатих Бирол.

ИЕА потврди дека ова е најголемото ослободување на резерви во историјата на организацијата. Нафтата ќе се пушта постепено, зависно од потребите и одлуките на секоја земја членка.

Ова е шеста координирана интервенција откако агенцијата беше основана во 1974 година.

Слични мерки беа преземени

  • во 1991 година за време на Првата заливска војна
  • во 2005 година по ураганот Катрина во Соединетите Американски Држави
  • во 2011 година за време на војната во Либија

и двапати во 2022 година по руската инвазија врз Украина.

Иран претходно се закани дека САД нема да можат да ја контролираат цената на нафтата и дека истата ќе достигне 200 долари за барел.

Конфликтот што започна на 28 февруари сериозно го наруши транспортот на нафта низ Ормутскиот теснец. Извозот на сурова нафта и рафинирани производи паднал на помалку од 10% од нивото пред војната. Дел од компаниите во регионот веќе го намалиле или запреле производството.

Според ИЕА, азијските пазари моментално се најпогодени од кризата.

Земјите членки на агенцијата располагаат со огромни стратешки резерви. Во складиштата има повеќе од 1,2 милијарди барели нафта за итни случаи. Дополнително, индустриските залихи што се чуваат според владини обврски достигнуваат околу 600 милиони барели.

Тоа значи дека вкупните резерви надминуваат 1,8 милијарди барели.

Во меѓувреме во Дубаи, четири лица беа повредени кога два дрона паднаа во близина на аеродром. Ова е втор напад со беспилотни летала во областа во последните денови Израел започна повеќе напади врз Иран и Либан. Во центарот на Бејрут, луѓето се во „апсолутен шок“ откако беше погодена станбена зграда, вели дописник за Би-Би-Си.

Претходно, американската војска соопшти дека „елиминирала“ 16 ирански бродови за поставување мини во областа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation