Background

ВЛАДАТА ОРГАНИЗИРА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Владата ќе организира меѓународна конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“, која ќе се одржи на 14 март во Скопје.

- Advertisement -
Ad image

Конференцијата ќе обедини претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери. Конференцијата има за цел да се направи една сеопфатна анализа на одговорот на трагедијата, од првичната интервенција и спасувањето животи, до долгорочниот третман, рехабилитацијата и системските решенија за иднината.

– Посебна вредност на оваа конференција е присуството на 37 лекари и медицински експерти од странство, кои во најтешките денови по трагедијата во Кочани директно учествуваа во лекувањето на пациенти. На покана од наша страна како држава, во Скопје ќе пристигнат доктори од клиники и здравствени центри од повеќе европски земји, токму оние институции кои ги отворија своите врати кога беше најпотребно на Македонија. Нивното присуство на оваа конференција претставува можност искуствата од заедничката работа да се претворат во знаење, протоколи и системски решенија кои ќе придонесат за подобра подготвеност на здравствените системи во иднина – рече портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес конференција.

Настанот ќе започне со свечено институционално отворање, по кое ќе следува комеморативен момент како потсетник дека зад секоја трагедија стојат човечки приказни.

Во рамки на конференцијата ќе се одржат повеќе тематски панели посветени на повеќе аспекти.

– Ќе зборуваме за европскиот механизам за цивилна заштита и меѓународниот одговор – координација, солидарност и искуства. На овој панел ќе се дискутира за активирањето на европските механизми за помош, меѓународниот медицински одговор и трансферот на пациенти, како и за координацијата меѓу државата, институциите и здравствениот систем. Посебен фокус ќе биде ставен на логистичките, правните и организациските аспекти на ваквите операции, како и на научените лекции. Понатаму, ќе се фокусираме на национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгорениците. Овој панел ќе се фокусира на медицинскиот аспект на кризата, од првичната тријажа и итниот медицински одговор, до комплексниот третман на тешки изгореници. Ќе се разгледуваат хируршките и пулмолошките аспекти на третманот, како и координацијата меѓу различните клиники и здравствени установи во земјата и регионот – најави Митева.

Третиот панел ќе биде посветен на долгорочниот процес на закрепнување на пациентите. Ќе се зборува за мултидисциплинарната соработка во третманот, рехабилитацијата, физикалната медицина и функционалното враќање на пациентите, како и за психолошката и психијатриската поддршка. Посебно внимание ќе биде посветено на долгорочното следење и подобрувањето на квалитетот на живот на преживеаните. Ќе се зборува како од искуство се стигнува до нови решенија, за улогата на заедницата, институциите и научените лекции. Ќе се дискутира за болничките капацитети во услови на криза, европските стандарди, како и за улогата на хуманитарните организации и несебичната поддршката од страна на заедницата.

На завршна сесија ќе се презентираат идните решенија и системски чекори кои ги преземаат институциите.

– Една година по трагедијата, Владата останува доследна на ветувањето дека поддршката за жртвите, повредените, нивните семејства и за здравствениот систем нема да биде еднократна, туку континуирана и системска. Од првиот ден беше преземена обврска дека државата ќе стои зад процесот на лекување, рехабилитација и закрепнување, но и дека трагедијата ќе биде претворена во поттик за подобрување на институционалните капацитети и подготвеноста на системот. Тоа ветување денес се реализира преку конкретни мерки, соработка со домашни и меѓународни партнери и постојано унапредување на здравствените и кризно-менаџерските механизми – додаде таа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation