Топ Вести - Слушај сега
Неколку лица загинаа во украински ракетен напад со ракети врз рускиот град Брјанск, соопштија денеска руските власти и ја обвинија Украина дека намерно ги таргетирале цивилите.
Шест цивили загинаа, а 42 се повредени во нападот, објави гувернерот на регионот Брјанск, Александар Богомаз и ја обвини Украина за тероризам.
Брјанск се наоѓа на помалку од 100 километри од украинската граница.
Украина тврди дека успешно извршила напади со ракетите „Сторм шадоу“ испалени од авион врз руската фабрика за микроелектроника „Кремниј Ел“ во Брјанската област. Генералштабот на вооружените сили на Украина објави на Телеграм дека „целта е погодена и дека е регистрирана значителна штета во производствените капацитети“.
„Овој објект е важна алка во производствениот синџир на руското „прецизно“ оружје. Фабриката е специјализирана за полупроводничка технологија и за интегрирани кола, кои се „мозок“ и „нервен систем“ на современото оружје, вклучувајќи ги и ракетите Искандер“, се вели во соопштението.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот бил оправдан. Во видеообраќање, тој рече дека била погодена клучна руска воена фабрика во Брјанск.
– Објектот произведува електроника и компоненти што се користат во руските ракети. Тие ракети Русија ги користи за напади врз украинските градови, села и цивили. Ние се браниме – рече тој, додавајќи дека Москва има опција да ја прекине војната што самата ја почна.
Ракетите „Сторм шадоу“ Украина ги доби од Велика Британија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
