Background

Фејсбук страница, која се администрира од Македонија, се најде во средиштето на политички скандал што деновиве ја потресува Словенија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Фејсбук страница, која се администрира од Македонија, се најде во средиштето на политички скандал што деновиве ја потресува Словенија. На оваа страница се објавуваат аудиоснимки од наводни разговори на функционери од власта, со сериозни обвинувања за корупција и политички манипулации.

- Advertisement -
Ad image

Страницата, која се појавила на социјалните мрежи под името „Maske padajo #nismofejk“, досега објавила повеќе аудиоснимки за кои се тврди дека содржат разговори меѓу членови и функционери на владејачката партија „Гибање Слобода“ (Движење Слобода). Според тврдењата на администраторите, тие располагаат со стотици разговори, а дел од нив постепено се објавуваат на интернет.

Во дел од снимките, според словенечките медиуми, наводно се слуша поранешната генерална секретарка на партијата Весна Вуковиќ, која разговара со други партиски функционери за внатрешни политички прашања, кадровски решенија и за односите во владата.

Некои од разговорите содржат и сериозни обвинувања. Во една од снимките се спомнува министерката за инфраструктура Аленка Братушек, при што се изнесуваат наводи за неправилности поврзани со големиот железнички проект за изградба на вториот колосек на пругата Дивача–Копер. Во други делови од разговорите се зборува и за политички притисоци, влијание врз институции и за внатрешни конфликти во владејачката структура.

Во една од објавените снимки се спомнува и претседателката на словенечкиот парламент Уршка Клакоќар Зупанчиќ. Во разговорот се изнесуваат тврдења дека таа наводно добивала дополнителни исплати преку партијата, што таа јавно го негираше, оценувајќи ги наводите како „целосна лага и измислица“.

Случајот веќе го привлекол вниманието на словенечката полиција, која проверува дали снимките се автентични и дали при нивното создавање или објавување е сторено кривично дело. Во истрагата се разгледува и можноста разговорите да се нелегално снимени или манипулирани со помош на вештачка интелигенција.

Од владејачката партија „Гибање Свобода“ тврдат дека станува збор за црна политичка кампања и не ја исклучуваат можноста снимките да се обработени или генерирани со помош на вештачка интелигенција.

Во меѓувреме, скандалот предизвика силни политички реакции во Словенија, каде што јавноста и медиумите бараат одговор на клучното прашање – дали снимките се вистински разговори од врвот на власта или станува збор за внимателно режирана дискредитациска кампања. Лоцирањето на Фејсбук страницата во Македонија не значи дека и содржините се генерирани тука, но таа е тука регистрирана.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation