Топ Вести - Слушај сега
Необичен и силно емотивен момент се случи пред почетокот на осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите во Истанбул. Навивачите на Галатасарај му приредија спектакуларна кореографија на својот напаѓач Виктор Осимен, посветена на неговото семејство.
На една од трибините беше подигнато огромно платно со ликот на Осимен и неговата покојна мајка. Пораката што ја испратија навивачите гласеше:
„Ние сме семејство и семејството е сè!“
Оваа гестикулација предизвика силна емоција кај нигерискиот напаѓач. Додека се интонираше химната на Лигата на шампионите, Осимен не успеа да ги задржи солзите.
Фудбалерот ја изгубил мајка си уште како дете во Лагос и во младоста продавал вода на улица за да преживее. Затоа, поддршката од навивачите за него имала посебно значење.
Иако видно потресен пред почетокот на мечот, Осимен веднаш по стартот на натпреварот покажа врвен професионализам. По неговата асистенција во првото полувреме, Марио Лемина успеа да го постигне првиот гол за Галатасарај во дуелот против Ливерпул.
Нигерискиот напаѓач и претходно беше херој на тимот со одлучувачкиот гол против Јувентус во претходната рунда од натпреварувањето.
И покрај големиот интерес од европските гиганти, Осимен со настапите во Лигата на шампионите покажува дека во моментов е целосно посветен на успехот со Галатасарај.
Tagged as:
НАВИВАЧИТЕ НА ГАЛАТАСАРАЈ ГО РАСПЛАКАА ОСИМЕН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
