Русија засега е единствениот победник од војната на Блискиот Исток – изјави денеска претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, повикувајќи на дипломатско решение на конфликтот.
– Русија добива нови ресурси за финансирање на својата војна против Украина додека цените на енергијата растат. Таа има корист и од пренасочувањето на воените капацитети што инаку би можеле да бидат испратени за поддршка на Украина. Таа, исто така, има корист од намаленото внимание кон украинскиот фронт, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток е во центарот на вниманието – рече Кошта пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.
Кошта ја нагласи потребата ЕУ да го заштити меѓународниот поредок базиран на правила, за кој рече дека сега е доведен во прашање од САД, и ги повика сите страни на Блискиот Исток да се вратат на преговарачката маса.
– Европската Унија стои покрај страдалниот народ на Иран. Ние го поддржуваме нивното право да живеат во мир и да ја одредат својата иднина. Слободата и човековите права не можат да се постигнат со бомби. Само меѓународното право ги поддржува – рече тој, повикувајќи на заштита на цивилите и нуклеарна безбедност.
Од друга страна, германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изрази резерва во врска со можноста за брз крај на војната во Иран. Тој, на заедничка прес-конференција со кипарскиот колега Константинос Комбос во Никозија, изјави дека САД се фокусирани на намалување на воените капацитети на Иран.
Според Вадефул, тие капацитети претставуваат закана за соседните земји, но и за Европа.
– Мислам дека овие напади ќе продолжат додека таа цел не биде постигната или додека иранската страна не покаже сериозна подготвеност за преговори – рече тој.
Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера навести дека војната со Иран, која прерасна во регионален конфликт, е „речиси завршена“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
