Топ Вести - Слушај сега
Вивијан Џена Вилсон, привлече големо внимание за време на Модната недела во Париз (од 2 до 10 март) кадешто продефилира на ревијата на Александар Меквин. Во својата објава на Инстаграм, трансродната ќерка на Илон Маск, истакна дека ѝ е „голема чест што продефилира за Меквин“, нагласувајќи го значењето на брендот чии колекции со децении будат огромен интерес кај светската јавност.
На пистата таа носеше црн мини фустан-сако со нагласен струк и низа копчиња кои дополнително ја истакнуваа нејзината силуета. Под сакото се гледаше висока чипкана јака, која на целокупниот изглед му даваше доза на елеганција.
Комбинацијата беше надополнета со високи црни чизми до колена и мала црна чанта. Со пуштена коса и дискретна шминка, во прв план останаа кројот и деталите на самата облека. Целиот изглед делуваше елегантно, по малку строго и со доза на готски стил, по кој е препознатлива оваа модна куќа.
Актуелната колекција е дело на креативниот директор Шон Мекгир, инспириран од филмот „Безбедна“ (Safe) од 1995 година, во режија на Тод Хејнс. Идејата беше пренесена и во самата сценографија на ревијата, каде гостите беа распоредени во три одделни зони околу централната платформа. Ваквиот концепт создаде атмосфера на заедничко искуство, наместо класичен моден спектакл.
Преку колекцијата беа истакнати препознатливите елементи на брендот: кожни панталони со патенти, мини здолништа и парчиња инспирирани од архивските колекции на модната куќа од деведесеттите години. Дизајнот во голема мера е насочен кон генерацијата З, а меѓу гостите во првиот ред се најдоа и познати имиња како Чапел Роан, Мајхала и Софи Тачер.
Вивијан е најстарата ќерка на Илон Маск и неговата поранешна сопруга Џастин. Родена е како Ксавиер, заедно со нејзиниот брат близнак Грифин во 2004 година во Калифорнија, а се изјасни како трансродова личност на 16-годишна возраст. Две години подоцна поднесе барање за отстранување на презимето Маск, потврдувајќи го лошиот однос со нејзиниот татко. За Teen Vogue, таа изјави: „Воопшто не ми е грижа за него. Иритирачки е што луѓето ме поврзуваат со него“. Вилсон е активна на Инстаграм, каде што ја следат милион луѓе.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
