Background

Арагчи: Ние се браниме, а војната во регионот е последица на американските напади

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Не верувам дека прашањето за повторни преговори со Американците ќе биде ставено на дневен ред, рече иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во интервју за телевизијата ПБС.

- Advertisement -
Ad image

Според Арагчи, САД го пропуштиле потенцијалот за идни преговори со постојано напаѓање на Иран за време на дипломатските разговори – прво во јуни минатата година и сега.

– Оваа година се обидоа да нè убедат дека овој пат е поинаку. Ни ветија дека немаат намера да нè нападнат. Затоа не мислам дека разговорите со Американците повторно ќе бидат на дневен ред – рече Арагчи.

Министерот, исто така, негираше дека Иран намерно врши притисок врз САД и врз Израел со напаѓање на производството на нафта во земјите во регионот. Тој рече дека танкерите за нафта „се плашат да поминат низ Ормускиот Теснец“, но „Иран не ги спречува да пловат во овој теснец“.

Арагчи ја обвини американската и израелската агресија против Иран, велејќи дека нивните напади го дестабилизирале регионот.

Ова е војна што ни беше наметната, а ние само се браниме, додаде тој.

– Постои агресија против нас што е апсолутно нелегална. А она што го правиме е чин на самоодбрана, што е легален и легитимен. Веќе ги предупредивме сите во регионот дека ако САД нè нападнат, бидејќи не можеме да стигнеме до американска територија, ќе мора да ги нападнеме нивните бази во регионот, нивните објекти, нивните локации, нивните средства. Како резултат на тоа, војната ќе се прошири низ целиот регион. Значи, ова се последиците, последиците од американската агресија против нас. Ние не сме одговорни за ова – рече највисокиот дипломат на Иран.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation