Топ Вести - Слушај сега
Моџтаба Хамнеи, кој за време на викендот беше назначен за нов врховен верски лидер на Иран, со години градел империја од недвижности ширум светот, покажуваат истраги на меѓународни медиуми.
Синот на покојниот ајатолах Али Хамнеи, кој беше убиен во воздушен напад на почетокот на војната, со ова станува првиот лидер во историјата на Исламската Република што ја презема функцијата наследно, објавува списанието „Fortune“.
Според извештајот, Моџтаба Хамнеи има неочекувана сличност со американскиот претседател Доналд Трамп – и двајцата изградиле значителни империи во секторот на недвижности.
Истрага на „Bloomberg“ објавена во јануари откри дека Хамнеи внимателно ги криел своите инвестиции, избегнувајќи тие формално да се водат на негово име.
Според тие информации, вредноста на неговите средства надминува 138 милиони долари.
Меѓу нив се наведуваат сметки во швајцарски банки, како и луксузни недвижности во некои од најпрестижните населби во Лондон, вклучувајќи и куќа на познатата улица „Billionaires Row“.
Извори за „Bloomberg“ тврдат дека неговата империја опфаќа и вила во Дубаи, како и удели во луксузни хотели во Европа.
Во моментот на објавувањето на истрагата, Хамнеи не одговорил на барањата за коментар испратени преку иранското Министерство за надворешни работи и дипломатските мисии во Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство.
Со преземањето на функцијата врховен лидер, Хамнеи станува и клучна фигура во економскиот систем на Иран.
Врховниот лидер го контролира државниот конгломерат создаден по Исламската револуција во Иран, преку кој се управува со огромен број запленети имоти, инвестиции и добротворни фондации.
Според „Bloomberg“, оваа структура управува со милијарди долари средства во различни сектори – од индустрија и трговија до недвижности.
Покрај тоа, врховниот лидер има влијание и врз Корпус на исламската револуционерна гарда, кој со текот на годините разви широка бизнис империја.
Оваа мрежа вклучува компании во енергетиката, транспортот, банкарството, телекомуникациите, земјоделството и медицината.
Една од најпознатите фирми поврзани со оваа структура е инженерската компанија „Хатам ал-Анбија“, која учествувала во изградба на рафинерии, железници, брани и гасоводи.
Во меѓувреме, според списанието „Forbes“, богатството на Доналд Трамп минатата година се проценувало на околу 7,3 милијарди долари.
Само неговите голф клубови и одморалишта се проценети на 1,3 милијарди долари, додека инвестициите во канцелариски кули, хотели и станбени комплекси вредат околу 1,2 милијарди долари.
Иако богатството на Хамнеи е значително помало од тоа на Трамп, аналитичарите сметаат дека неговата политичка позиција му дава огромно влијание врз иранската економија.
Во извештај на холандскиот тинк-тенк „Clingendael Institute“ се наведува дека со текот на годините дел од овие фондации прераснале во економски конгломерати.
– Она што започна како инструмент за социјална правда, со текот на времето се претвори во структури кои ја зајакнуваат политичката моќ на владејачката елита – се наведува во анализата.
Tagged as:
Новиот ајатолах градел тајна империја низ целиот свет
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
