Топ Вести - Слушај сега
Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко ја критикуваше Австралија поради одлуката иранската женска фудбалска репрезентација да се врати дома по настапот на Азискиот куп за жени. Фудбалерките веќе се во центарот на вниманието откако не ја испеаја химната на некои натпревари што доведе до шпекулации дека се под притисок од Иран или дека се одметнале.
Трамп предупреди дека играчките може да се соочат со сериозни последици по враќањето во Иран и ја повика австралиската влада да им даде азил.
Иранската женска репрезентација настапуваше на турнирот во Австралија, но беше елиминирана во неделата по поразот од Филипините. Турнирот се одржуваше во исклучително напната геополитичка атмосфера, по воздушните напади на САД и Израел врз Иран, во кои беше убиен иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи.
Трамп реагираше преку својата социјална мрежа.„Австралија прави ужасна хуманитарна грешка дозволувајќи иранската женска фудбалска репрезентација да биде принудена да се врати во Иран, каде што најверојатно ќе бидат убиени. Соединетите Американски Држави ќе ги примат ако не го направите тоа.“
Според австралискиот медиум Ес-Би-Ес Њуз, 5 ирански фудбалерки се одвоиле од остатокот од тимот и се наоѓаат под заштита на австралиската федерална полиција. Тие бараат помош од владата и разгледуваат можност за азил.
Владини извори потврдиле дека австралискиот министер за внатрешни работи, Тони Бурк, отпатувал во Бризбејн за да се сретне со фудбалерките.
Глобалниот синдикат на фудбалери Фифпро изрази сериозна загриженост за безбедноста на тимот.
Причина за дополнителните тензии беше одлуката на играчките да молчат за време на иранската национална химна пред натпреварот против Јужна Кореја.
Коментатор на иранската државна телевизија го нарече тој чин „врв на срамот“.
Tagged as:
ТРАМП НУДИ АЗИЛ ЗА ИРАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРКИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
