Принцезата Кејт Мидлтон успешно им се врати на кралските должности по битката со ракот, која ја принуди да се повлече од јавниот живот.
- Advertisement -
Таа беше во посета на хиндуистички храм во Лејчестер, по повод Фестивалот на боите, еден од најпознатите индиски фестивали на кои се слави доаѓањето на пролетта и се одбележува со танц, музика, храна и чај.
Кејт мораше да ги соблече чевлите во знак на почит, но наместо фокусот да биде на нејзиниот гест и почитувањето на традициите, сите се фокусираа на нејзините стапала со кои не остави впечаток на негувана принцеза.
– Кејт Мидлтон, идната кралица на Англија, има стапала како на кокошка; Со сите тие пари, не помисли ли да си ги среди?; Дали е ова вештачка интелигенција? Како може принцеза да има вакви стапала?; Барем можеше да си ги скрати ноктите; Толку многу луѓе се грижат за нејзиниот изглед, но никој не се грижи за нејзините стапала – се само дел од коментарите на социјалните мрежи се проширија фотографиите од стапалата на Кејт Мидлтон.
Иако доби негативни критики на социјалните мрежи, сепак со овој потег таа покажа дека дури и кралските дами се само обични жени, на кои може да им се случи да имаат несредени стапала, што е последица и од постојаното носење штикли и тесни чевли на сите кралски настани.