Топ Вести - Слушај сега
Единаесет возачи биле приведени вчера низ државата поради безобѕирно управување со возило, а најголемиот дел од нив седнале зад волан без воопшто да имаат возачка дозвола.
Според информациите од полицијата, осум од приведените возачи управувале автомобил без положен возачки испит, двајца возеле и покрај тоа што имале активна забрана за управување со возило, додека еден бил фатен како вози под дејство на алкохол.
Најмногу случаи се регистрирани на подрачјето на Охрид, каде што биле приведени пет возачи. Тројца од нив во Кичево биле фатени без возачка дозвола, а еден управувал автомобил иако имал изречена забрана за возење.
Во Струга, пак, полицијата привела возач кој бил под дејство на алкохол. Тој управувал „фолксваген голф“ и предизвикал сообраќајна незгода со друго возило „фиат“.
Во Скопје и Тетово биле приведени по двајца возачи, кои исто така управувале автомобил без возачка дозвола.
Двајца возачи биле приведени и на подрачјето на Битола. Едниот возел без дозвола, додека другиот управувал возило иако имал активна забрана.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случаите против сите возачи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно, надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат возило без возачка дозвола, ниту пак под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
