Background

Сведочеше трговецот што ѝ продал пиротехника на групата ДНК

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

На денешното судење свеочеше свевдокот Горан Игновски, од чија фирма групата ДНК ги набавила прскалките и другиот пиротехнички материјал, кој беше употребен кобната вечер во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во пожат животот го загубија повеќе од 60 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

- Advertisement -
Ad image

Адвокатката Ивана Коцевска праша дали топлите фонтани не се доволно забележителни на сцената како ладните, сведокот рече „да“.

Го праша Дејан Јованов или Михаил Јованов некогаш купил од него прскалки.

– Не, јас не ги ни познавам – рече сведокот Горан Игновски.

На прашање дали само ДНК од кај него купиле прскалки, рече дека не ни знае за друга група што ги користи за сценски настап.

– „Рентал компании“ ми барале прскалки, ама ладни – рече тој.

На прашање дали може да се заклучи дека ДНК користеле нелегални прскалки, сведокот рече дека претпоставува дека е така.

Коцевска праша дали со тоа што купил нелегални прскалки практично ризикувал.

– Ги купив за презентација, но, да, им продадов од нив на ДНК – рече сведокот.

Друг адвокат праша: „Од Бугарија рековте сте набавиле 100 прскалки, а на ДНК сте им продале 8, дел сте искористиле за презентација, каде ви е остатокот?“

– Овие топли прскалки многу се користеа по свадби. Јас ве уверувам дека од тој остаток за еден месец откако сум ги купил, веќе сум немал – рече сведокот.

Адвокатот праша, ако има продадено само неколку уреди за активација, 5 или 6, дали тоа знаи дека сите останати прскалки ги продал на сопствениците на тие уреди. Сведокот одговори „не значи“.

Адвокатот праша дали и покрај тоа што ДНК ги знаеле штетните нус-ефекти, после пожарот во Гевгелија продолжиле да ги користат?

– Да, ги користеа. На видеата нивни се гледаше дека на секој настап ги користат – рече сведокот.

Друг адвокат го праша дали побарал дали Панчо има дозвола за пиротехника, рече „не“.

Адвокат му рече дека Денис Даутовски во истрага рекол дека летото 2024 година од него купил прскалки.

– Јас не го познавам Денис Даутовски – рече сведокот.

Адвокатот рече дека Денис изјавил дека купил прскалки од продавница во Кисела Вода од лице со прекар Чкаља.

– Ви гарантирам дека не купил од кај мене – рече сведокот.

Адвокатот му рече дека употребените прскалки во Кочани се од марката „Тропик“.

– Не значи дека се купени од кај мене. Јас на ЈО им дадов снимки дека користат и од други брендови прскалки, на пример „Енигма“, со бели патрони. Дали значи дека сите употребени прскалки „Тропик“ се од кај мене? Претпоставувам дека сите се набавени од исто место, оти тоа е фабрика во Бугарија, „Тропик“ – одговори сведокот.

Вие сте немале дозвола за промет со прскалки согласно Законот за употреба на екплозивни материи, рече адвокатот.

– Да, знам дека немам и затоа престанав да ги продавам. Куферчето за активација не е пиротехника. Ладните не се пиротехника исто, а топли прскалки ние денес не продаваме – рече сведокот.

Рековте дека фонтаните може да се топли и ладни, рече адвокатот, од ладните не може да настане пожар, а од топлите да? Сведокот потврди.

– И од овие за торта може да настане пожар. Пожарот во Швајцарија настана од такви прскаки за торта, а ги има низ продавниците – рече сведокот.

Дали разликата во цена меѓу топлите и ладните прскалки чини 63 животи, праша адвокатот, но судијката не го дозволи прашањето.

Адвокатот праша колку време се занимава со продажба на уреди за пиротехника, сведокот рече 3 до 4 години.

– Дали некој за тоа ввреме ви извршил контрола – праша адвокатот.

– Не, оти тоа не ми е приоритетна дејност, се занимавам со озвучување и осветлување.

Друг адвокат праша дали од надворешен изглед се препознава која е топла, акоја е ладна фонтана. Сведокот рече дека ладната е колку кутија цигари, а топлата е голема како куфер. На прашање дали има ознака и дали пишува која е ладна, која е топла, рече:

– За ладната треба прашок и кутија и уред за активација, а за топлата треба патрон и уред. Ако прашавате дали на нив може да се прочита дали се топли или ладни рече дека пишува само која е за надворешна, а која е за внатрешна употреба. Не пишува која е топла, која е ладна, затоа што за ладни не постојат патрони – рече сведокот.

Додаде дека на нив пишува колку метри во височина прскаат.

Адвокатот праша дали со прскалките доаѓа упатсво за употреба, рече дека би требало да има на самата амбалажа, ама тој не го прочитал.

– Дали на прскалките постои известување, знак „запалливо“, „опасност од пожар“ – праша адвокатт.

Сведокот одговори дека има, како и препорака на колкаво растојание од нив е безбедно да се стои.

На прашање дали Буцо знаел дали купувал топли или ладни прскалки, сведокот рече дека претпоставува дека му кажал дека се за внатрешна употреба.

Адвокатот праша дали му е познато дека за употреба на топлите прскалки треба дозвола од МВР и дали на тоа ги предупредувал купувачите.

– За ладни прскалки не треба дозвола. После настанот во Кочани, кај мене никој не купува ни ладна ни топла прскалка – рече сведокот.

Немаше да преживеам ако со сигурност знаев дека прскалките се купени од кај мене, додаде сведокот.

Адвокат Дејан Стојчев праша дали куферчето, каде е активаторот за прскалките, се транспортира затворено, сведокот потврди и рече дека освен активаторот, не може да се смести ништо во него. Рече дека куферчињата се црни и не може да се види што има внатре.

Адвокатот праша дали има визуеллна разлика меѓу нова и дополнета ладна прскалка, сведокот реле дека нема разлика. На прашање дали може да се дополнат и со опасна материја, наместо со соодветниот прашок, сведокот рече „не“.

Адвокат Благоја Јованов праша: Ако сакам да имам фонтана ефект на 3 локации на растојание од по 3 метри, колку уреди ми се потребни? Сведокот рече 3.

Адвокат Петре Шилегов праша дали Министерство за економија има кава било ингеренција за издавање дозвола за пиротехнички средства.

– Јас се откажав затоа што транспортот е скап, треба да се носат во специјален контејнер, ми кажаа во шпедиција, па треба и посебен магацин за чување и јас тука се откажав, и не стигнав да прашам кој е надлежен за издавање дозволи – рече сведокот.

Адвокат Софила Лаличиќ рече дека сака да стави забелешка на исказот на сведокот.

– Да се заблагодарам на ЈО, кој беше професионален и постави прашање не само на товар туку и во корист на обвинетите. Кој повеќе треба да е на обвинителна клупа, обвинетите од Министерство за економија и ексминистрите кои издале лицнци во 2013 или овој сведок кој овде ни кажа дека шверцувал пиротехника, па на црно ја држел во своојата продавница, ја продавал, ставил на располагање општи опасно средство од кое загинаа луѓе? Ова сведочење само потврди за погрешно поставеното обвинение и за селективност при обвинувањето – рече Лаличиќ.

Обвинителот ја прекина, рече дека ова е излагање за завршен збор и дека не загинале луѓето затоа што пиротехниката го запалила диското, туку зашто немале од каде да побегнат.

Лаличиќ продолжи.

– Не е точно дека Буцо последен пат купил (пиротехника) година и пол пред настанот, како што рече сведокот, бидејќи од блиските соработници на ДНК, кои сведочеа, слушнавме дека Буцо бил ангажиран во ДНК 6 месеци пред пожарот – рече Лаличиќ.

Адвокат Ванчо Шехтански праша дали знае кој е рокот на употреба на топлите прскалки. Сведокот рече дека не знае, а за ладните рече дека имаат неограничен рок.

– Знаете ли дека рокот на употреба на топлата прскалка е 2 години – праша Шехтански.

– Не знам, оти не продавам пиротехника – рече сведокот.

– Па на ДНК кој им продал – праша Шехтански.

– Не знам, јас им продадов пред две и пол години – рече сведокот.

– Знаете ли дека употребата на топлите прскалки после 2 години е опасна – праша Шехтански.

– Не знам – рече сведокот.

Додаде и дека фабриката „Енигма“ во Бугарија се запалила и изгорела.

На прашање дали од еден активатор може да актвираат 3 прскалки, сведокот рече дека може.

Адвокатот на Рубикот го праша дали со употреба на нелегална пиротехника ДНК го запали „Пулс“, со ооглед дека искористиле пиротехника која исрфила искри над 3 метри височина во затворен простор?

– Да – рече сведокот

Судијката праша:

– Дали лицето кое доаѓало да купува пиротехника во времето коа сте продавале било потребно да поседува лиценца:

– Ние не ги продадовме легално, затоа и не сум барал дозвола. На Панчо му учинив, му продадов 8 прскалки. Сум продавал и за свадби – рече сведокот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation