Топ Вести - Слушај сега
Додека Мицковски се фотографира со трговците на нафта, граѓаните чекаат пред пумпи со испразнети цистерни
Состојбата со снабдувањето со гориво во Македонија повторно го достигна критичниот праг. Само неколку дена по наводно договорената средба меѓу премиерот Христијан Мицковски и претставниците на најкрупните трговци со нафтени деривати, граѓаните сè уште се соочуваат со празни пумпи, артифициелни кризи со снабдување и однесување кое не само што ги крши законите — туку и ги газат основните потрошувачки права.
Пумпата Билјанини Извори во Охрид, во сопственост на мрежата Мак Петрол, стана симбол на арогантниот однос кон потрошувачите. Вработените на оваа пумпа отворено им соопштуваат на граѓаните:
„Не точиме гориво, дојдена е цистерна – дојдете после 4 до 5 часа.
Не мора да точите гориво кај нас – одете на друго место. Ние работиме по наредби издадени од директорите“.
Ова не е изолиран случај. Идентично однесување се забележува и на другите пумпи во мрежата – граѓаните се принудени да чекаат со часови, или да ги одбиваат со мрзеливи оправдувања. Цистерните со гориво пристигнуваат, но точењето намерно се одложува – очекувајќи ново поскапување.
Намерното задржување на горивото заради антиципирање на ценовен раст – позната и под терминот ратно профитерство – е строго санкционирано со македонското законодавство.
Законски основи кои се прекршуваат:
▸ Закон за трговија (Сл. весник на РСМ бр. 16/2004, со измени) – член 45, кој забранува прекинување на продажбата заради шпекулативно задржување на стока. Казна: глоба до 600.000 МКД за правно лице.
▸ Закон за заштита на потрошувачите (Сл. весник на РСМ бр. 38/2004) – членови 20-22, кои гарантираат правото на услуга и забрануваат дискриминаторско однесување кон потрошувачите.
▸ Закон за енергетика (Сл. весник на РСМ бр. 16/2011, со измени) – регулира обврска за непрекинато снабдување на пазарот со енергенти. Трговецот нема право самоволно да ги суспендира услугите.
▸ Кривичен законик – член 280 (Загрозување на снабдувањето со стока): предвидува затворска казна до 3 години за лице кое со шпекулации создава вештачки недостиг на стока од општо значење, каква што е горивото.
Мак Петрол, регистриран како командитно друштво (К.Д.) и еден од највлијателните трговски субјекти со нафтени деривати на Балканот, ужива речиси монополска позиција на македонскиот пазар. Но наместо со тоа да носи поголема одговорност – компанијата, предводена од Андреа , ги злоупотребува привилегиите на пазарна доминација.
Командитното друштво нема право да ги диктира условите на пазарот спротивно на законот. Вработениот на пумпата кој вели дека работи по наредби издадени од директорите – всушност признава постоење на организирано, централизирано одлучување за задржување на горивото. Тоа е доволна индиција за Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) да иницира инспекциски надзор, па и кривична пријава.
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) според Законот за инспекциски надзор (Сл. весник на РСМ бр. 50/2010) е надлежен да врши контрола на работењето на трговски субјекти, вклучувајќи го правилното мерење, продажбата и деловното однесување на бензинските пумпи.
Законски ингеренции кои ДПИ е должен да ги примени:
▸ Мерење на точноста на пумпите и автентичноста на количините – согласно Законот за метрологија (Сл. весник бр. 116/2010).
▸ Привремено или трајно затворање на пумпи кои не работат во согласност со закон.
▸ Изрекување мандатни казни на правното лице и одговорното лице – до 100.000 МКД за одговорно физичко лице и до 600.000 МКД за правното лице, по поединечна повреда.
▸ Поднесување кривична пријава до надлежното јавно обвинителство во случај на тешки повреди кои имаат обележје на кривично дело.
Сепак, ДПИ останува нем. Ниту едно сериозно санкционирање, ниту еден јавен инспекциски извештај. Власта дозволи Мак Петрол да точи гориво на грам – само за да се купи привремен социјален мир, наместо да се реши системскиот проблем.
Премиерот Христијан Мицковски организираше средба со претставниците на најголемите трговци со гориво во државата. Средбата беше претставена јавно – со соопштенија, фотографии и ветувања за стабилизирање на цените. Но реалноста беше поинаква: само неколку дена подоцна, пумпите повторно се во кризен режим. Цистерните пристигнуваат, а горивото – не тече.
Ова покренува суштинско прашање: дали државата преговара со трговците заради интересите на граѓаните, или заради зачувување на политичкиот мир кој им одговара на двете страни?
Е ДО КОГА?
Андреа, Мак Петрол и монополот – до кога ке ja „дупчат“ целата држава?
Редакцискиот тим на Охридскај ги повикува граѓаните да пријавуваат секоја ситуација на одбивање на услуга на бензинска пумпа – директно до ДПИ на: www.dpi.gov.mk | Тел: 02 3215 367
Редакција Охрдскај -Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
