Background

Земјите од Персискиот Залив се зависни од увоз на храна

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Обединетите Арапски Емирати се соочуваат со ризик од недостиг на храна поради конфликтот во Иран и поради нивната висока зависност од увоз, која достигнува 80% до 90% од нивните потреби.

- Advertisement -
Ad image

Извршниот директор на една од најголемите логистички компании во светот презентираше загрижувачки информации дека Дубаи има залихи на свежа храна само за уште десет дена. Причината се прекинатите синџири на снабдување поради конфликтот со Иран.

Стефан Пол, директор на компанијата Kuehne and Nagel, во својата изјава за швајцарската телевизија SRF на 5 март, прочита податоци од синџирите на снабдување на неговата компанија. Дубаи и поширокиот регион на Заливот увезуваат помеѓу 80 и 90 проценти од нивната храна, а дури 70 проценти од храната за земјите од Заливот поминува низ Ормутскиот теснец.

Овој клучен теснец е затворен за комерцијален сообраќај од 28 февруари. Ситуацијата е дополнително отежната од фактот дека капацитетот за воздушен товар за Блискиот Исток се намали за 22 проценти помеѓу 28 февруари и 3 март, според податоците од компанијата Aevean, објавени од Ројтерс.

70% од храната минува низ Ормускиот теснец

Саудиска Арабија започна постепено да го укинува домашното производство на пченица во 2008 година и стана речиси целосно зависна од увозот. Денес, поради прекин на глобалниот превоз и затворен воздушен простор, земјите од Персискиот Залив што увезуваат 80 до 90 проценти од нивната храна се соочуваат со потенцијален недостиг и зголемување на цените.

Повеќе од 70 проценти од прехранбените производи во земјите од Советот за соработка во Заливот (GCC) се увезуваат преку Ормускиот теснец. Доколку војната продолжи, земјите од Заливот би можеле да се соочат со недостиг.

Аналитичарите велат дека земјите во тој регион ги диверзифицирале своите добавувачи и обезбедиле залихи за неколку месеци, но дека продолжените прекини би можеле да доведат до зголемување на цените и подолго време на испорака.

Клучно е пристаништето Џебел Али во Дубаи

Повеќето од клучните пристаништа во Заливот се наоѓаат на рутата што минува низ теснецот. Меѓу нив е и пристаништето Џебел Али во Дубаи, најголемото контејнерско пристаниште во регионот, кое наводно беше погодено од ирански напади оваа недела, со што операциите беа прекинати неколку часа.

Најголемо негативно влијание би била блокадата на Џебел Али, која опслужува околу 50 милиони луѓе во регионот.

Пристаништата на ОАЕ надвор од теснецот имаат ограничен капацитет. Хорфакан може да се справи со околу пет милиони ТЕУ (контејнер од 20 стапки со носивост од 4 тони), а Фуџаира помалку од еден милион, што не е доволно за да го замени капацитетот на Џебел Али или пристаништето Калифа во Абу Даби. Аналитичарите предупредуваат дека Катар, Кувајт, Бахреин и Ирак би биле ефикасно отсечени од директен пристап до морето и би зависеле од копнени патишта преку Саудиска Арабија, што би довело до скапи застои.

Резерви на основни производи има за 4 до 6 месеци

Властите на ОАЕ тврдат дека стратешките резерви за основни прехранбени производи ги покриваат потребите за четири до шест месеци. Тие ги повикаа граѓаните да пријават неоправдани зголемувања на цените. Вработените во супермаркетите велат дека полиците се претежно полни, но дека некои производи се надополнуваат побавно. Почетокот на иранските напади предизвика паника кај населението, што доведе до зголемено купување и привремено празнење на некои полици.

Во објави на социјалните медиуми некои купувачи укажуваат на нагло зголемување на цената на бананите. Експертите објаснуваат дека лесно расипливата храна како што се бананите е особено чувствителна на продолжените транспортни рути. Увозот на вакви производи по воздушен или по копнен пат дополнително би ги зголемил трошоците.

Земјите од Заливот инвестираа во модерни силоси во текот на изминатите две децении за складирање на стотици илјади тони стратешки житарки како што се пченица, ориз и масла за јадење. ОАЕ отворија силоси за жито во Фуџаира, на брегот на Индискиот Океан, надвор од Ормускиот Теснец, во 2016 година, со капацитет од околу 300.000 тони. Локацијата беше избрана за да се избегне Теснецот, со оглед на минатите ирански закани дека ќе го затвори за време на периоди на тензии со Западот.

Аналитичарите предупредуваат дека ќе биде потребна тесна координација за да се обезбеди сите шест членки на Персискиот Злив, како и Ирак, да избегнат сериозен недостиг на храна доколку конфликтот продолжи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation