Background

Ретки се секторите што бележат раст на производството

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Индустриското производство во јануари 2026 година е намалено за 6,6 % во однос на јануари 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

- Advertisement -
Ad image

Падот на индустриското производство го прави преработувачката индустрија каде што производството е намалено за 8% иако во рударството е во пораст од 2,5%, а во енергетскиот сектор растот е од  2,8 %.

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, има намалувањето на производството во одделите: производство на електрична опрема за 4,0 %,  производството на машини и уреди, неспоменати на друго место за 16,0 % и производство на моторни возила, приколки и полуприколки за 3,1%.

Намалувањето на производството има и во секторите: производство на текстил и на облека, производството на хемикалии и хемиски производи, на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, потоа на производството на производи од гума и производи од пластични маси, на метали, и на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема.

Раст на производството во преработувачката индустрија во јануари е забележан во секторот компјутерски, електронски и оптички производи од 11,9%, дрвната индустрија од 31,2%, производството на тутунски производи од 20,1% и производството на мебел од 0,1%.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,2%, Капитални производи за 5,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 10,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,9%, додека пораст бележи кај Енергија за 2,5%.

1. Индекси на индустриското производствојануари 2026 (2025=100)
I 2026
I 2025
I 2026
Ø 2025
I 2026
Ø 2021
Вкупно 93.4 80.8 79.6
АЕ Енергија 102.5 124.0 111.8
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 95.8 73.1 71.1
ББ Капитални производи 94.8 87.1 97.4
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 89.5 85.5 94.8
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 88.1 72.8 69.4
Б Рударство и вадење на камен 102.5 83.9 77.2
      05 Вадење на јаглен и лигнит 118.4 84.8 61.0
      07 Вадење на руди на метал 89.3 95.9 87.7
      08 Вадење на други руди и камен 129.7 68.6 67.6
В Преработувачка индустрија 92.0 76.7 77.0
      10 Производство на прехранбени производи 100.3 79.3 74.9
      11 Производство на пијалаци 100.0 64.3 67.9
      12 Производство на тутунски производи 120.1 39.0 23.1
      13 Производство на текстил 81.8 75.4 78.4
      14 Производство на облека 80.7 77.3 57.4
      15 Производство на кожа и слични производи од кожа 94.6 82.0 68.2
      16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
131.2 29.1 38.2
      17 Производство на хартија и производи од
хартија
99.2 84.5 71.0
      18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
83.8 99.9 98.1
      20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
94.4 64.8 63.8
      21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
81.0 68.9 94.2
      22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
87.8 70.6 111.9
      23 Производство на други неметални
минерални производи
102.6 46.7 55.3
      24 Производство на метали 82.3 86.9 50.3
      25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
81.2 64.5 31.2
      26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
111.9 125.7 80.5
      27 Производство на електрична опрема 96.0 77.2 89.7
      28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
84.0 79.1 78.5
      29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
96.9 89.1 110.6
      30 Производство на останата опрема за
транспорт
71.3 69.2 79.9
      31 Производство на мебел 100.1 88.2 103.4
      32 Останата производствена индустрија 85.1 99.8 66.3
      33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 101.0 100.6 187.1
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
102.8 130.5 122.9
      35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
102.8 130.5 122.9

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation