Топ Вести - Слушај сега
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека безбедносната состојба во земјава е стабилна, но, рече дека може да се јават одредени предизвици на економски план, во однос на цените на енергенсите посебно на нафтата.
– Мирна и стабилна е безбедносната состојба, не постои ризик за земјава. Имавме Совет за безбедност, направивме анализа, врз основа на информациите кои ги добивме, безбедносната состојба е стабилна- рече Мицкоски.
Според него,војната на Блискиот Исток може да предизвика проблеми кај цената на енергенсите, посебно нафтата.
-Можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, односно притисок врз цената на енергенсите, на нафтата и на гасот, повеќе на нафтата, бидејќи немаме голема зависност во делот на гасот. Завршува грејната сезона, а компаниите немаат голема потрошувачка на гас. Но, во нафтената индустрија можеби ќе имаме одредени притисоци. Можно е да има зголемување на цените, но разговараме со Министерството за финансии како да реагираме. Можеби со намалување на акцизите или во однос на даноците за да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните – изјави Мицкоски.
Мицкоски рече дека владата се организира да обезбеди нормално функционирање на државата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
